за

Германија развива бензин од слама за едно евро од литар

Техничкиот институт од Карлсруе пушти во работа погон што преработува слама во бензин според нова производсвена постапка. Се очекува цената на горивото да биде пониска од едно евро.

Научниците од институтот во Карслруе го пуштија во работа погонот Bioliq во кој сламата се преработува во бензин според нова постапка. Германците очекуваат дека горивото ќе може да се пушти во продажба за пет години. Момемтно се оформува индустриски конзорциум кој што од средината на следната година ќе го откупува и ќе го тестира бензинот на биолошка база. Засега е потврдено дека во конзорциумот ќе учествуваат Audi, Daimler и Volkswagen, а се очекува и поддршка од BMW и Ford.

Bioliq_2

Новото гориво од неискористени остатоци од слама и дрво би можело да се појави на пазарот по пет години, со производствени погони со капацитет од еден милион тони гориво на годишно ниво. Според пресметките, горивото би чинело помалку од едно евро во продажба, односно ќе биде поевтино од конвенционалниот бензин од фосилно потекло. Во Катар, Малезија и Нигерија веќе постојат слични погони за производство на гориво GTL (Gas To Liquid), но поради големите осцилации во инвестициските трошоци, актуелната цена на ова гориво достигнува околу 1,80 евро од литар.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Обид за нов рекорд: 10.000 милји од Лондон до Кејптаун за 10 денови

Мебел за автомобилски вљубеници