Во новата фабрика на Mazda во Мексико почна производството на најмалиот европски модел на марката. Возилата од овааа фабрика ќе се испорачуваат и за европскиот пазар.
Во јануари годинава, фабриката во Мексико веќе стартуваше со производството на новата генерација на моделот Mazda3. Со сегашното воведување на моделот Mazda2 и со натамошното проширување на производствените капацитети, планирано е до март 2016 година од Мексико да излегуваат по 250.000 возила годишно. Новата фабрика во Мексико е значаен дел од стратегијата што Mazda ја најави во февруари 2012, за проширување на глобалното присуство на јапонската марка. Вo Mazda de Mexiuco Vehicle Operation или кусо MMVO се променуваат истите напредни технологии на производство како во матичните фабрики на Mazda во Хирошима и Хофу.
Кеиши Егава, шеф на MMVO изјави: „Со стартот на производството на новата Mazda2 и на новата генерација мотори, како и планираното проширување на капацитетите, во состојба сме да го снабдуваме глобалниот пазар со продукти Skyactiv со истиот квалитет како оние од Јапонија. Во исто време сме горди што придонесуваме за економскиот растеж на Мексико.“ По фабриката во Хофу (Јапонија) и ААТ (Тајланд), MMVO е третата глобална локација за производство на новата Mazda2.
















