На четири ката и на површина од вкупно 3.800 метри квадратни, во Лондон започна со работа најголемиот дилерски центар на Kia во Европа. Лоциран на автопатот што ги спојува аеродромот Хитроу со Централен Лондон, покрај центарот годишно ќе минуваат над 27 милиони возила.
Kia Motors го отвори својот најголем дилерски центар во Европа, лоциран на издигнатиот автопат М4, којшто ги спојува аеродромот Хитроу со Централен Лондон. Престижниот центар е изграден на четири ката и вклучува 15 сервисни позиции во подземниот дел од објектот, целосно застаклени површини што гледаат директно кон двата автопати и огромен дисплеј од течни кристали видлив за патниците во десетиците илјади возила што секојдневно минуваат покрај салонот.
Со повеќе од 27 милиони возила што ќе минуваат на годишно ниво покрај него, репрезентативниот салон во близина на Лондон ќе привлече повеќе внимание од кој било друг центар на Kia во Европа.
Отворањето на престижниот салон во Лондон е дел од стратегијата што ги подржува одличните продажби на Kia на европскиот пазар. Во првите девет месеци од годинава, продажбата на забележа раст од околу 15 проценти и се очекува годинава да биде уште една рекордна година, осма во континуитет. Соодветно на тоа и пазарниот удел на Kia се зголеми двојно, од 1,5 на 2,9 проценти.
Слични репрезентативни центри неодамна беа отворени и во Мадрид и Милано, а во изградба се уште неколку центри во главните европски метрополи.
















