за

Јубилеј на Mercedes E-Class: 13 милиони од најпродаваниот автомобил со ѕвезда

3. MERCEDES E CLASS, продадени примероци 36,210 (-15.1%)

Дали изненадува тоа што најпродаван модел во историјата на Mercedes е класата Е? Не постои место во светот каде што оваа легенда нема допрено. Моментно, секој втор примерок оди за пазарите во САД и Кина.

Нејзиното височество, класата Е. Вистина, овој автомобил под сребрената ѕвезда заслужува такво ословување, како најпродаван модел во историјата на Mercedes, којашто е воедно историја и на автомобилизмот. Со 13 милиони примероци продадени досега, класата Е во лимузинска и комби изведба ќе продолжи да биде носечки столб во стратегијата на марката за преземање на глобалното лидерство меѓу премиум марките до 2020 година.

Секоја втора лимузина од класата Е во мај била испорачана за САД или Кина

Во минатата година во светот се продадени 257.571 примерок од обете каросериски изведби на класата Е, со раст од 6,2%. Рекордно зголемување на продажбата е постигнато во Јужна Кореја, каде што се продале за 22,4% повеќе возила отколку прелани. Кина и САД се меѓу најважните пазари за моделот. Секоја втора лимузинска изведба, во мај годинава била испорачана на еден од овие два пазари. Наспроти тоа, во Европа е подеднакво барана и комби изведбата под традиционалната ознака T-Modell. Во Германија, обете каросериски изведби се продаваат подеднакво. Комбито обично се користи како службено возило, додека верзијата на лимузината со продолжено меѓуоскино растојание, во Кина најчесто се користи како шоферска лимузина.

Најпродавана лимузина во светот во мај е E 350, додека кај комбито T-Model се најбарани основните дизели 200 и 200 Bluetec
Најпродавана лимузина во светот во мај е E 350, додека кај комбито T-Model се најбарани основните дизели 200 и 200 Bluetec

Најпродавана моделска изведба со лимузинска каросерија во мај годинава била Е 350, којашто ужива најголема популарност во САД, а по неа следи E 220 Bluetec, популарна поради примерните вредности на потрошувачката на гориво. Кај комбито најчесто се бараат дизелите E 200 Bluetec и E 220 Bluetec. Во Кина, пак, најпродавана е продолжената лимузина во верзијата Е 260. Од дополнителната опрема најчесто се нарачуваат активен систем за паркирање и греење на предните седишта, а дури потоа следат интелигентните диодните светла и резервоар со зголемена зафатнина.

Првата „Класа Е“ произведена е во 1947 година како прв повоен модел на Mercedes

Производството на класата Е започна во 1947 година во фабриката во Зинделфинген, којашто е воедно и најголема фабрика на Daimler во светот, како и центар специјализиран за модели од вишата и луксузната класа. Во 2006 година започна и локалното производство на лимузинската верзија за кинескиот пазар во Пекинг, со што класата Е стана прв модел на Mercedes произведен во Кина. Од 2010 година таму се произведува дополнително верзијата со продолжена каросерија.

Mercedes-Benz Typ 170 V Limousine
Mercedes-Benz Typ 170 V Limousine

Моделот од типот 170 V се симна од производствените ленти како прв патнички автомобил на Mercedes во повоениот период и како предок на моделската серија којашто денес ја познаваме како класа Е. Mercedes за првпат го примени поимот Е-класа во генерацијата W124 во 1993 година, воведувајќи јасна диференцијација меѓу одделните моделски семејства. Две години подоцна, класата Е воведе нов дизајнерски правец во марката, со „четирите очи“. Овој дизајн го презеде и наследничката од 2002 година, воведувајќи повеќе иновативни технологии во штедливоста и во безбедноста. Актуелната генерација на класата Е пристигна на пазарот премиерно во 2009 година и за последен пат беше освежена во 2013 година, со нови и поштедливи мотори, нови системи за асистенција, вклучувајќи и приспособување според дизајнерскиот правец воведен со останатите моделски серии на марката од Унтертиркхајм.

На германскиот пазар, лимузината и комбито се продаваат подеднакво
На германскиот пазар, лимузината и комбито се продаваат подеднакво

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Chevrolet Camaro Cabrio: Мускулест автомобил за парадирање по улица

Како да го подготвите автомобилот за летниот одмор