Четири викенди пробно возење на новите модели на Nissan

Nissan има една од најсвежите понуди на модели на македонскиот пазар

Nissan планира со освежена моделска гама да стане најпродавана јапонска марка во Европа. Новитетите сега пристигнаа кај нас и во следните викенди ќе бидат достапни за пробно возење.

Најстарата јапонска марка автомобили стартуваше моделска офанзива, како дел од планот за преземање на првото место во продажбата во Европа во конкуренција на азиските марки. Кросоверите Juke и Qashqai одлично ја обавуваат работата за Nissan на европскиот пазар и постигнуваат рекордни продажби во својот сегмент, но за остварување на амбициозната цел за преземање на првото место во продажбата, прво треба да се пополни секоја празнина во понудата. За таа цел Nissan го претстави новиот Pulsar, по подолго отсуство од компакт класата, којшто ќе ги привлекува купувачите со најпросторната кабина во класата, особено на задната клупа, како и со исклучително богато ниво на сериска опременост. Новиот компакт на Nissan е веќе во продажба на македонскиот пазар и во следните неколку викенди ќе биде достапен за пробно возење за заинтересираните купувачи и за љубителите на оваа јапонска марка. Сите мотори во новиот Pulsar користат турбонатполнење и се развиени според принципот на „даунсајзинг“, со моќност во дијапазон меѓу 110 и 190 КС.

Пристигањето на X-Trail е следното големо изненадување од Nissan

Nissan Pulsar: Конкурентот на Golf настапува со рекордна просторна понуда и исклучителна опременост
Nissan Pulsar: Конкурентот на Golf настапува со рекордна просторна понуда и исклучителна опременост
Покрај компактот што се впушта во беспоштедната битка со Golf & Co, како следно големо изненадување од Аутомотив Груп, увозникот на Nissan за Македонија, доаѓа и комплетно новата генерација на X-Trail. Компактниот теренец на Nissan порасна на 4,63 метри и нуди значително поголем багажник од претходникот, со 603 наспроти 410 литри. Големиот брат на Qashqai доаѓа воедно и како замена за изведбата +2 од Qashqai, и достапен е во верзија со пет и со седум седишта. Соодветно на новото позиционирање, X-Trail е значително поевтин од стариот модел. Во споредба со Qashqai, растојанието од подлогата е повисоко за три сантиметри, а соодветно е поголема и носивоста. Како што е вообичаено во класата, X-Trail е достапен во верзија со преден погон и со погон на сите тркала. Во почетокот од продажбата, за јапонскиот компактен теренец е достапен само 1,6-литарскиот дизел со 130 КС, познат од партнерот Renault.

Nissan момемтно има една од најсвежите понуди на модели на македонскиот пазар

Заедно со овие два новитета, во салонот на Nissan ќе бидат достапни и палавиот Juke, исто така во освежено моделско годиште, како и миниванот Note и универзалното малечко Micra. Првиот модел е јапонска верзија на специјалитетот на францускиот партнер Renault, вановите, и како особеност поседува лизгачка задна клупа со којашто се овозможува просторност како во лимузина, при што во багажникот и натаму останува пристоен волумен од 280 литри. Во освеженото моделско годиште, Micra доаѓа со сменет дизајн на хаубата, крилата, светлата и браникот, додека техниката во основата остана непроменета. Конкурентот на Polo се нуди со 1,2-литарски бензинец со или без турбонатполнење, со 80, односно 98 КС. Сите овие модели во следните викенди до средината на декември ќе бидат достапни за пробно возење за сите заинтересирани купувачи, за љубопитните и за љубителите на марката Nissan. Аутомотив Груп го организира пробното возење како настан за целото семејство, посочувајќи на тој начин на семејниот карактер на моделите од гамата на Nissan. Секако дека не се исклучени и изненадувања.

Врска до страницата на Nissan Open Weekends
web_560x320

Претходна објаваЕдинствениот преживеан Supersport во музејот на Skoda
Следна објаваТест • Toyota Aygo 1.0 VVT-i X-cite

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here