за

„Унимогот“ на Шварценегер ја набилда цената на Ebay

Актуелниот сопственик на неуништливиот Unimog кој некогаш му припаѓаше на Арнолд Шварценегер може да заработи солидна сума од препродажбата. Возилото на „терминаторот“ се цени на над 350.000 долари.

Пред една и пол година „Терминаторот“ реши да се збогува со неговиот Uminog од 1977 година и го продаде на дилер на ексклузивни користени возила од Тексас, по цена од 250.000 долари. Дилерот уште тогаш препозна добра шанса за заработка и сега го нуди возилото на наддавање на Ebay, барајќи за него 350.000 долари. Доколку планот успее, заработката од продажбата ќе изнесува 100.000 долари.

Уникатниот Unimog U1300 SE со шестцилиндарски турбодизел од 6,4 литри и моќност од 230 КС е изработен по специјална нарачка за Арнолд Шварценегер. Ова несопирливо и неуништливо возило качено на гуми 445/65 R 22,5 има изминато само 1.865 милји и поседува многубројни додатоци вградени по желба на „Терминаторот“. Во товарниот дел е поставена клупа за тројца патници, има вградено и систем за надгледување на пририсокот во гумите, а клима-уредот или камерата за рикверц се подразбираат. За заштита на терен и поголема безбедност е поставен ролбар, а има и електричен чекрк со далечинска команда. Како доказ за оригиналниот сопственик на возилото, во кокпитот се наоѓа и автограмот на Шварценегер.

unimog scarceneger (1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Потрошувачката на гориво расте, производителите наведуваат нереални вредности

Toroidion 1MW: Фински суперавтомобил на струја со моќност од 1 мегават