Теренецот на база на Toyota Hilux останува само за Азија

Пикапот Hilux е синоним за издржливост и робусност. Toyota го разви теренецот Fortuner на база на овој пикап во 2005 година и го понуди како поевтина алтернатива. Втората генерација на Fortuner и натаму останува резервирана за азиските пазари.

На симултана промоција во Банкок и Сиднеј, Toyota ја претстави втората генерација на големиот спортски теренец со седум седишта Fortuner. Конструиран врз основа на пикапот Hilux, спортскиот теренец комбинира робусност и одлични возни својства на терен. Во втората генерација, Fortuner настапува со повпечатлив дизајн, подобрени перформанси, нови практични решенија и повисоко ниво на комфор и безбедност. Според Toyota, како резултат произлегува уникатен спортски теренец кој во исто време е комфорен за развезување на децата до училиште, но е способен и да ги совладува најтешките терени.

Новите дизели се одликуваат со рекордна ефикасност од 44 проценти

Новото семејство дизел мотори GD користи иновативна термоизолација и постигнува искличително висок степен на термичка ефикасност од 44 проценти
Новото семејство дизел мотори GD користи иновативна термоизолација и постигнува искличително висок степен на термичка ефикасност од 44 проценти

Под хаубата на втората генерација на Fortuner работат новите дизели на Toyota, со подобрени перформанси и ефикасност, како и со намалена бучава. Новите мотори од семејството GD се одликуваат со намалена тежина, висока ефикасност и низок степен на триење, што резултира со ниска потрошувачка на гориво. Турбополначот со променлива геометрија на лопатките е произведен во самата Toyota и обезбедува брза реакција и висок вртежен момент во широко подрачје на вртежи. Новите мотори се достапни во две верзии, помалата со зафатнина од 2,4 литри, моќност од 150 КС и вртежен момент од 400 Nm при 1.600/min, додека поголемата верзија располага со 2,8 литри, 177 КС и вртежен момент од 450 Nm при 1.600 вртежи.

При претставувањето на првата генерација на Fortuner, Toyota ги имаше во предвид првенствено пазарите во Азија, каде што јапонскиот производител увиде потреба од достапно, но робусно семејно возило со докажани теренски способности. Уште во првата година се докажа успешноста на моделот, со 50.000 продадени примероци, за потоа продажбата да се искачи на 150.000 возила годишно. Следеше освојување на пазарите во Средниот Исток и во уште неколку региони. За прв пат, Fortuner ќе се понуди и на австралискиот пазар, каде што новиот модел ќе биде достапен кон крајот на октомври, додека продажбата во Тајланд веќе стартуваше. Цената на основниот модел на пазарот во Тајланд изнесува 1.199.000 бахти, односно околу 32.300 евра.

Технички податоци · Toyota Fortuner 2.8 GD

Должина 4795mm
Ширина 1855mm
Висина 1835mm
Меѓуоскино растојание 2745mm
Трага на тркала напред 1640mm (GX), 1540mm
Трага на тркала назад 1555mm
Растојание од подлога 225mm
Мотор Турбо дизел
Генерација 1GD-FTV
Работна зафатнина 2755cm3
Моќност 130kW @ 3400rpm
Вртежен момент Auto: 450Nm @ 1600-2400rpm
Manual: 420Nm @ 1400-2600rpm
Пренос 6-степени мануелен
6-степени автоматски
Напојување со гориво Директно впрскување под висок притисок
4×4 систем Вклучување по потреба
Шасија Каросерија на носечка рамка
Суспензија напред Триаголни водилки, спирални пружини, стаб.
Суспензија назад 5-водилки, спирални пружини, стабилизатор
Приколка (без сопирачки) 750kg
Приколка (со сопирачки) Man: 3,000kg
Auto: 2,800kg
Седишта 7 (2-3-2 конфигурација)
Резервоар 80 литри
Европа сепак ќе остане без теренецот на база на пикапот Hilux

Претходна објаваLand Rover Defender останува во производство – се бара фабрика за новиот
Следна објаваBMW X1: Баварците го почнуваат новиот круг натпревари меѓу компактните теренци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here