Специјална серија на Opel Adam дизајнирана од Брајан Адамс

Канадскиот музичар и фотограф дизајнираше серија од седум примероци на Opel Adam. Заинтересираните купувачи можат да наддаваат за овие возила на посебна интернет страница.

Фановите на Брајан Адамс добиваат единствена можност да набават еден од седумте примероци на Opel Adam коишто се дизајнирани од нивниот идол. Марката од Риселсхајм ќе ги понуди седумте возила од ексклузивната серија на наддавање, а средствата ќе бидат наменети за хуманитарни цели. Наддавањето на најголемиот портал од оваа сфера во Германија, United Charity, веќе е започнато и секој може да учествува на наддавањето со оставање понуда на линкот www.unitedcharity.de/OpelAdam до 21-ви ноември. Средствата од продажбата одат во „Фондацијата Брајан Адамс“, којашто се грижи за луѓето во неволја во целиот свет.

opel adam by bryan adams 9183722465

„Брајан Адамс ми раскажа сé за неговата фондација за време на снимањето за нашиот календар за Adam. Фондацијата меѓу другото работи на отворање на образовни капацитети во Авганистан и на еколошки проекти на глобално ниво. Срдечно ги подржуваме овие активности и ќе бидеме почестени ако нашите камуфлажни ‘Адами’ добијат високи понуди,“ изјави Тина Милер, шефица за маркетинг во Opel.
Opel Adam by Bryan Adams е опремен со 1,4-литарски бензинец со 100 КС, со внатрешност изведена со црна кожа, автоматска клима, загревани седишта, кожа на воланот и мултимедиски систем IntelliLink.

Претходна објаваГаздите на BMW се најбогато семејство во Германија
Следна објаваFord најавува отворање на „Vignale Lounges“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here