за

Сиромаштијата ги остави Грците без автомобил

Сопствениците на автомобил во Грција ги откажуваат нивните возила затоа што даноците им се превисоки. Вчера редици возачи чекаа да ги вратат регистерските таблички.

За малечок автомобил Грците плаќаат 120 евра на име на данок. За поголем автомобил со мотор со зафатнина од 1,6 литар се потребни 265 евра. Највисокиот износ на данокот на автомобил е 1.320 евра и тој се плаќа за возила со мотор над четири литри зафатнина. Грците ги плаќаат даноците на почетокот на секоја година.

Во минатата недела поранешниот министер за транспорт Михалис Лиапис беше приведен поради возење со фалсификувани регистерски таблички. Тој претходно ги вратил регистерските таблички во даночната управа за да не плаќа висок данок за луксузниот теренец и ставил фалсификувани таблички за непостоечки автомобил со најниската даночна стапка.

Претставници од грчкото министерство за финансии потврдуваат дека преку 70.000 сопственици се откажале од своите автомобили во минатата година. Од 2009 година, односно од почетокот на економската криза, повеќе од еден милион автомобили во земјата се ставени во мирување.

Економската криза во Грција доведе до намалување на продажбата на возила за 40 проценти. Во текот на оваа година ќе се продадат само 55.000 нови возила. Тоа е најголемо намалување на продажбата во рамките на Европската Унија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Honda се враќа како ѕвезда на јапонската автоиндустрија

Студија во САД: Бензинците ќе доминираат и во 2040 година