за

Рекордно производство на Honda на глобално ниво

Јапонската марка забележа рекордни бројки на годишно и на месечно ниво, со преку 4 милиони произведени возила во периодот од ланскиот април до овој март.

За прв пат по две години Honda повторно забележа зголемување на продукцијата, што е сигурен знак марката се враќа на стариот колосек. Во фискалната година 2012, Honda произведе рекордни 3,2 милиони возила надвор од Јапонија и 876.039 возила во домашните фабрики. Импресивен е порастот од 40,5 проценти на продукцијата во странските фабрики.

Најмногу возила се произведоа во САД, околу 1,7 милион возила, односно 37,3 проценти повеќе отколку во претходната фискална година. Никогаш досега Honda не постигнала толкава продукција во земјата. Рекорд е забележан и во фабриките во Азија, со околу 1,2 милион возила, од кои 597.802 возила се произведени само во Кина.

Трендот продолжува со уште поубедлива динамика во март. Продукцијата надвор од Јапонија расте 14 месеци во контуинуитет, што кулминираше со рекордна месечна продажба во овој месец.

Продукција на Honda на глобално ниво

  (април ’12, март ’13)
  Возила Промена
Јапонија 876.039 +0,6%
САД 1.127.456 * +34,4%
Европа 170.505 +62,8%
Азија 1.149.843 * +37,8%
Други 172.586 +79,8%
Вкупно 4.056.141 *  

* Рекордни вредности

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Шумахер ќе вози параден круг на 24 Часа Нирбургринг

Mercedes 600 – Голема ѕвезда за големите ѕвезди