за

Рекордна година за Mercedes-AMG

2013 е најуспешна година во историјата на Mercedes-AMG. Со 32.200 продадени возила, спортската марка на Mercedes забележа апсолутен рекорд.

Рекордната продажба ги надмина дури и очекувањата на шефовите на Mercedes-AMG. Воведувањето нови модели во минатата година и проширувањето на продажната мрежа на трите најголеми пазари за марката во САД, Германија и Велика Британија вроди плод. Најголем придонес за зголемувањето на продажбата постигна воведувањето на погонот на сите тркала 4Matic во повеќето моделски серии. Моделите E 63 AMG и CLS 63 AMG сега се нудат со напредниот погон на сите тркала на Mercedes. Зголемена продажба имаат и спортските теренци на Mercedes-AMG, а особено компактните модели A 45 AMG и CLA 45 AMG. Моделската офанзива ја заокружи S 63 AMG.

Во САД се продадоа за 20 проценти повеќе примероци отколку во 2012 година. Позитивниот тренд продолжува и на германскиот пазар (+10%), како и во Велика Британија (+40%). Во Јапонија, Кина, Канада, Русија и Бразил исто така е постигнато зголемување на продажбата на Mercedes-AMG.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Премиера на новата класа V: Mercedes меѓу комбињата

Таен план на ЕУ: Полицијата ќе ги запира возилата преку далечинско?