за

Таен план на ЕУ: Полицијата ќе ги запира возилата преку далечинско?

Секој нов автомобил во ЕУ во иднина ќе има можност да биде запрен од страна на полицијата преку далечинска команда. Тоа го содржи тајниот документ што го објави една организација во Британија.

Европската Унија работи на таен план којшто ќе претставува сериозен напад врз слободата на возачите. Секој нов автомобил во иднина ќе мора да поседува софтвер што ќе овозможи полицијата да го запре преку далечинска команда за време на возењето. Веста прв ја објави британскиот „Телеграф“, повикувајќи се на доверливи извори од работната група на полицијата што се води под кратенката ENLETS – од European Network of Law Enforcement Technologies. Полицијата ќе биде во состојба преку далечинска контрола побрзо да ги запре прекршителите. Доводот на бензин и палењето ќе се прекинат за дел од секундата кога полицијата ќе притисне копче на далечинската контрола.

Техниката за тоа веќе постои. Американскот концерн General Motors уште во 2009 година претстави систем наменет за полицијата, со кого моторот на возилото може да се узгасне преку сателитска врска. На тој начин полицијата ќе може полесно да ги запре крадците на автомобили, без притоа да ризикува опасни потери. Хакерите исто така покажаа во повеќе пригоди дека преку далечинска контрола можат да влијаат врз електрониката на возилото. Новитет е тоа што се планира системот во иднина да се вградува во секој нов автомобил. Како што дознава „Телеграф“, со уредот за запирање ќе се управува оддалеку преку централа за надзор.

Организацијата „Стејтвоч“ ги објави документите

Британската организација „Стејтвоч“ го објави документот на работната група на ЕУ на нивната интернет страница. Идејата се спомнува во само неколку реченици во документот од 12 страници. Моментно се бара решение што ќе овозможи техниката да се вградува сериски во секое возило регистрирано во ЕУ. Полицијата бара да се воведе и автоматско препознавање на регистерските таблички, кое што веќе функционира во неколку држави во САД.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Рекордна година за Mercedes-AMG

Австриски весник тврди: Историскиот Porsche е фалсификат