за

Подобро вклучена клима отколку отворен прозорец

При возење на високи температури не смее да има двоумење: Клима уредот мора да се вклучи. Во намера да заштедат гориво, многумина само отвораат прозорец. Но, високата температура носи опасност во возењето.

Кога надворешната температура ќе се качи над 30 степени, со отворање на прозорците не може да се постигне препорачаната температура од 22 до 25 степени во кабината на возилото. Во последните истражувања се докажа дека бројот на незгоди во градски средини се зголемува при превисока температура. Ако кабината е загреана на 27 степени, просечниот број на незгоди се зголемува за 11 проценти, додека при 37 степени, оваа бројка се зголемува дури на 33 проценти.

Пред влегување во прегреана кабина, таа треба прво кусо да се проветри и потоа вентилацијата одредено време да се пушти на рециркулација, за на тој начин да се постигне пријатна температура во кабината за најкусо можно време. Потоа задолжително мора да се пушти дотокот на свеж воздух за да се задржи содржината на кислород во воздухот во возилото.

За клима уредот да работи правилно, производителите препорачуваат тој да се проверува во специјализирана продавница најмалку еднаш во годината. Тоа е неопходно покрај фактот што загубата на разладно средство во просек изнесува 8,2 проценти на годишно ниво. Под одржување на системот во добра состојба се подразбира и редовна замена на филтерот за полен, кој што го пречистува надворешниот воздух од честички и полен, како и дополнување на масло во компресорот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Lexus ги има најдобрите автомобили и дилери според Британците

40 години на шпанското Фиќо