Во градот на тенковите се прегазуваат автомобили заради забава

Не е проблем ако некој посака да вози вистински тенк. Во „Градот на тенковите“ во Моргантон, Американецот Тод Либгрос им нуди на своите клиенти можност да возат вистински тенк, а со соодветен надомест и да прегазуваат автомобили. Дваесетминутно возење чини 50 долари, за прегазување автомобил се доплаќа уште 500 долари.
Хобито прерасна во бизнис
Тод Либгрос го претвори своето хоби во бизнис. Овој бродски инженер ја напушти својата работа за целосно да се препушти на пасијата на собирање тенкови, односно на нивно изнајмување за забавни цели. За возење во „Градот на тенковите“ е доволна обична возачка дозвола.















