за

Најбудалестите автомобилски приказни во 2013 година

Mercedes рекламираше кокошки, Жан-Клод Ван Дам ја направи најопасната шпага на сите времиња и хрчак возеше огромен камион. Ова се најлудите приказни во годината што изминува.

Во градскиот метеж подолго стоиме во место отколку што возиме, горивата поевтинуваат еден денар за потоа да поскапат два денари, новите автомобили ни се скапи. Малку остана од уживањето да се вози автомобил. За среќа овој свет на автомобили секогаш ги има ентузијастите и фриковите што постојано изнаоѓаат нови начини да ни ја вратат забавата зад воланот, преку спектакуларни каскадерски сцени, вицкасти рекламни спотови или преку екстремно тјунирање. Апсолутен хит на YouTube стана спотот со ѕвездата од акциските филмови Жан-Клод Ван Дам во кого 53-годишникот изведува шпага на ретровизорите на два камиона во полна брзина.

Рекламите за автомобили на YouTube во 2013 нé насмеаја солидно. Двестеграмски хрчак возеше дваесеттонски камион, Mercedes научи кокошки да играат, а Smart заврши во река, како доказ од самиот производител дека градското мини не е наменето за терен – но затоа, се паркира полесно од кој било теренец. Hyundai се избламира со самоубиствен спот, а Ford привлече внимание со „нацртаниот“ Силвио Берлускони додека развозува скромно облечени девојки во багажникот. Во продолжение се најлудите автомобилски приказни од годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

ВИДЕО • Вака се обива автомобил за 10 секунди

Toyota по шести пат најквалитетна марка според Auto Bild