за

Наместен изборот на Голф за најпопуларен автомобил на Германците

Деветнаесет милиони членови на клубот ADAC требаше да гласаат за својот фаворит меѓу 249 модели. Германски весник откри дека победникот Golf освоил далеку помалку гласови отколку што изброил клубот.

Според информациите до коишто дојде германскиот дневен весник „Зидојче Цајтунг“, за Volkswagen Golf гласале само 3.409 членови на клубот, додека во официјалните резултати што клубот ADAC ги објавил во декември се наведуваат 34.299 гласови за „Жолтиот ангел“, како што се нарекува победникот на овој избор за најпопуларен автомобил на Германците. Најголемиот авто клуб во Европа се брани дека ги нема манипулирано бројките на изборот.

Законот не го обврзува клубот да ги објавува бројките

Клубот не објавува колку точно читатели на клупскиот магазин „АДАК Моторвелт“ учествувале во одмерувањето на популарноста на автомобилите. Дневниот „Зидочје Цајтунг“ наведува дека во минатото нередовно се објавувани точните бројки од гласањето (во 2011 и 2012 година се објавени бројките, но не и во минатата година). ADAC не е обврзан по автоматизам да ги објавува бројките од гласањето.

Деветнаесетте милиони членови на клубот гласаа за најпопуларен автомобил меѓу 249 актуелни модели. Според дневниот весник, во 2012 година клубот објавил дека во изборот гласале 290.000 членови, но фактички гласале само 76.000 членови.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Лондон ќе ги забрани такси возилата со дизелски мотор

Словачка е број 1 во Европа по број на произведени возила по жител