за ,

Милион наелектризирани Јапонци во 2018 година

Консултантската агенција McKinsey предвидува кои автомобилски нации ќе напредуваат најмногу во погонот на струја за пет години. Сосема очекувано, Јапонците ја имаат превласта.

Според студијата на агенцијата McKinsey, островската земја на Истокот ќе постигнува најголема продажба на возила со погон на струја во 2018 година на глобално ниво. Со 950.000 возила годишно, Јапонците се далеку пред Германците, кои се пласираат на второто место со 370.000 автомобили годишно. Третото место им припаѓа на актуелните вицешампиони, САД, со 286.000 возила. Далеку на четвртото место заостанува Франција со 74.000 е-автомобили. Големиот пробив на автомобилската нација Германија се должи на неодамнешното појавување на моделите BMW i3 и Volkswagen E-Golf.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Душмани на нафтените компании: 1600 километри со еден резервоар

Електриката е најголем непријател на користените возила