за

Кинезите го украдоа дизајнот на Volkswagen Taigun

Дизајнерско биро од Кина го прецрта VW Taigun и го патентираше дизајнот. Сега се бара производител за возилото. Можно е копијата да се појави на пазарот пред оригиналот.

Штотуку ќе помислевме дека Кинезите се збогуваа со старата навика да ги копираат моделите на големите производители, доаѓа случајот со фирмата Jiangsu Lake Motors (JLM) и со нејзината дрска копија на идниот мини теренец Volkswagen Taigun. JLM не е ниту производител на автомобили, туку е студио што развива автомобилски дизајн и потоа истиот го продава. Како резултат од нивната последна креативна работа доаѓа модел кој е речиси стопроцентна копија на Taigun.

kopija taigun 2

Дизајнот е веќе патентиран во Кина и следно се бара производител што ќе го реализира возилото во серија. Можно е копијата да стартува со продажба пред оригиналниот Taigun, кого што Volkswagen го планира дури за 2016 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тест • Great Wall Steed 5 2.4i One

Mini се збогува со оригиналноста – станува Mini-BMW