Според првичните планови, новата кинеска марка требаше да стартува во Европа в година. Големите европски марки можат да здивнат. Домашниот пазар засега е поинтересен.
Кинескиот производител Qoros ги одложи плановите за почеток на продажбата на поширокиот европски пазар. Нов датум уште не е планиран. Причина за одложувањето е неочекувано големиот интерес за моделите на Qoros на кинескиот пазар. „Европа не е интересна во моментов“, коментираше шефот Штајнвашер.
Засега Словачка е единствената земја во Европа каде што Qoros планира да развие продажна и сервисна мрежа. Целта е првенствено да се тестира како ќе функционира продажбата и сервисирањето на марката, а бројките на продажбата не се толку важни.
Ваквата најава изненадува, особено покрај фактот што Qoros пред околу еден месец најави дека на салонот во Женева во март ќе ја претстави комбилимузинската верзија Qoros 3, која што е развиена специјално за европскиот пазар. Од почетокот на годинава моделот се продава на кинескиот пазар по цена од околу 14.500 евра. Со освојувањето пет ѕвездички на краш тестот на Euro NCAP, марката Qoros привлече големо внимание. Никоја кинеска марка претходно не постигнала толку добар резултат на краш тестовите. Конзорциумот Euro NCAP го прогласи Qoros за најбезбеден автомобил на краш тестовите во минатата година.