за ,

Nissan го постави 1000-от полнач за струја во Европа

Мрежата од станици за брзо полнење на батериите на електричните автомобили го мина првиот праг. На овие полначи батериите се полнат за само половина час до 80 проценти – бесплатно.

Со постигнувањето на илјада станици за брзо полнење на европска почва Nissan значително им го олесни користењето на електричните автомобили на постоечките корисници и воедно им дава дополнителен поттик на заинтересираните купувачи да го направат крајниот чекор. Во Норвешка, како најголем пазар во Европа за електрични возила, во период од 18 месеци за осум пати се зголеми фреквенцијата на движење на електричните автомобили откако беа поставени првите брзи полначи CHAdeMO по должината на автопатот Е18.

114786_1_5

Илјадитиот полнач на Nissan е поставен во Велика Британија, на југот на Лондон по должината на автопатот М25, кој е еден од најфреквентните во Европа и ги поврзува западниот дел на Лондон со Кент и со Европа.

Последниот полнач е дел од мрежата од 195 брзи полначи во Велика Британија. Во поставувањето на полначите, Nissan соработуваше со IKEA, Moto, Roadchef, Welcome Break, како и со дилерите на Nissan, кои придонесоа во минатата година да бидат поставени 124 нови полначи на територијата на земјата.

114783_1_5

Во минатата година драстично се зголеми бројот на полначи во Европа. Во 2010 година постоеја само 16 брзи полначи CHAdeMO, за една година подоцна мрежата да порасне на 155 станици, а во 2012 година на 540 станици. До крајот на оваа година се очекува мрежата да достигне 1.800 станици. Освен Nissan Leaf, полначите можат да ги користат и Nissan e-NV200, Citroen C-Zero, Mitsubishi i-MiEV, Mitsubishi Outlander PHEV и Peugeot iON.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Кина е поважна: Qoros го одложува стартот во Европа

Нула ѕвезди за краш тестот на Tata Nano