Индиската компанија Tata Motors, во чијашто сопственост се марките Jaguar и Land Rover, во првиот квартал од годинава заработи трипати повеќе отколку во истиот период лани.
Од големиот раст во продажбата на возилата од двете престижни марки од Британија, Jaguar и Land Rover, во првото тримесечје од годинава Tata Motors заработи чисти 658 милиони евра. Тоа е најголемо зголемување на профитот на индиската компанија по последниот квартал во 2010 година, кога беше постигнат плус од 38 проценти. Продажбата на марките Jaguar и Land Rover во последниот квартал порасна за 22 проценти, на 115.596 возила. Наспроти тоа, матичната автомобилска марка Tata Motors е во големи проблеми на индискиот пазар, каде што продажбата отиде 37 проценти во минус.
















