Илон Маск ќе нуди експресен превоз на патници во Чикаго

Chicago Express Loop, Илон Маск

Сопственикот на Tesla Inc, SpaceX, The Boring Company, доби налог од градот Чикаго за изградба на систем за експресен превоз на патници до аеродромот О’Хара. Илон Маск започнува со работа на новиот проект веќе в година

Илон Маск доби налог за изградба на експресниот превоз на патници до аеродромот О’Хара во Чикаго. Компанијата на техно-милијардерот ќе го проектира, финансира, извршува и одржува системот којшто на патниците ќе им овозможи исклучително брз и едноставен превоз од центарот на Чикаго до аеродромот кој е оддалечен околу 28 километри.

Chicago Express Loop 3

Станува збор за подземен систем за јавен превоз со автономни платформи со електричен погон, со брзини до 240 километри на час. Секоја платформа ќе превезува меѓу 8 и 16 патници, или еден автомобил. Платформата во основа е преработена верзија на платформата од Tesla Model X.

Четирипати побрз превоз во споредба со постоечките системи

Патувањето од блокот 37 во најстрогиот центар на Чикаго до аеродромот О’Хара ќе трае 12 минути. Тоа е четирипати побрзо во споредба со постоечките системи. Цената на превозот уште не е точно утврдена, но како ориентација се наведува дека таа ќе биде двојно пониска од такси, но поскапа од сегашниот јавен превоз.

Сите кабини ќе бидат климатизирани, со простор за багаж и со пристап на интернет. Сензационален е и планот платформите да пристигнаат на секои 30 секунди. Системот ќе работи 20 часови на ден.

Chicago Express Loop 2

Познавачите проценуваат дека трошоците за изградба на системот ќе изнесуваат меѓу половина и една милијарда долари. Целата идеја на „The Boring Company“, како што официјално се води компанијата во сопственост на Илон Маск, се состои во намалување на цената за изградба на тунелите за десетпати – моментно околу една милијарда долари за 1,5 километар. Тоа ќе се постигне првенствено со намалување на пречникот на тунелите, како и со користење на нова техника за дупчење на почвата.

Планот е повеќе градови во САД да се поврзат меѓусебно со вакви експресни тунели во следните неколку години. Изградбата на системот во Чикаго би започнала веќе в година, откако ќе се обезбедат неопходните дозволи. Пуштањето во работа е планирано за 2022 година.

Претходна објаваVolkswagen ја скусува продукцијата на Passat
Следна објаваСеријата 8 на BMW ја спасува разновидноста на автомобилските форми

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here