Производствените ленти во фабриката на Volkswagen во Емден годинава ќе мируваат почесто од планираното. Една од причините е намалениот интерес на пазарот за моделот од средната класа Volkswagen Passat
Како последица од дизел скандалот и од намалениот пазарен интерес за моделот од средната класа Passat, Volkswagen ќе го скуси производството во својата фабрика во Емден. Управата на компанијата решила дека производствените ленти годинава ќе мируваат вкупно 24 денови. Досега беше планирано паузата да трае само три денови.
Овој чекор ќе води кон тоа, продукцијата во фабриката во Емден годинава да се скуси за повеќе од 10.000 возила. Претходно во овие погони се произведуваа и по 250.000 возила годишно.
Од концернот засега не ги коментираат објавите на германските медиуми. Управата на фабриката мора прво да изнајде соодветен начин да им надомести на работниците за деновите во коишто тие не треба да доаѓаат на работа.
















