Модерните автомобилски лакови се мошне издржливи благодарение на заштитниот слој од проѕирен лак и го задржуваат сјајот и по повеќе години. Но, со текот на времето почнуваат да се забележуваат гребаниците во лакот. Тие потекнуваат од автоматски перални што не се одржуваат правилно или се последица од непромислено паркирање покрај грмушка или зелена ограда. Гребаници оставаат и минувачите со торбите од купување или со облеката – очигледно е дека постојат најразновидни причини за создавање на овие гребаници.
Германското здружение за техничка контрола спореди дванаесет средства за полирање гребаници во дијапазон на цени меѓу едно и 50 евра: Осум продукти се едноставни за користење од страна на неискусни корисници, четири продукти се наменети првенствено за искусни корисници.
Првото место во групата на производи за неискусни корисници и препораката од здружението припадна на средството A1 Nano Polish од производителот Dr. O.K. Wack, а со мал заостаток следи евтината паста за фино брусење Hurrican од Westfalia. Со соодносот меѓу цената и квалитетот, здружението ја избра вторава паста како најисплатлива на споредбениот тест. На третото место, исто така со препорака од здружението за техничка контрола, се најде Meguiar’s Scratch X2.0. Потоа следуваат пет производи што се препорачуваат само во одреден случај: Тоа се специјалните средства за отстранување гребаници од производителите FK Automotive, Néo Clean, Nigrin, 3M Scratch and Swirl Remover и Autosol Kratzer-Entferner.
Победник во групата на производи за искусни и професионални корисници му припаѓа на „препорачливиот“ сет за отстранување гребаници од Sonax, а по него следат Quixx Lack Repair System и еднокомпонентното средство Liqui Moly Паста за брусење и полирање. На последното место, со условна препорака, се наоѓа пастата за отстранување гребаници од Presto.
Експертите на Здружението за техничка контрола прво ги оценуваа политурите за гребаници во поглед на количината на пакувањето, упатството за ракување, примената и потребното време за обработка на гребаниците според упатството од производителот. Средството A1 Nano се испорачува со сунѓер и крпа за полирање. Сетот за отстранување гребаници од Sonax во две работни постапки се состои од паста за полирање и завршна паста, крпа за полирање, брусна хартија и средство за запечатување на брусењето, со што се овозможува ефикасна обработка и на подлабоките оштетувања во лакот.
Најдобро објаснување на постапката на обработка нуди упатството за користење на Quixx, со обемен опис и слики, како и со вредни совети. Примената на двокомпонентни производи бара подолго време на работа за неискусните корисници, доколку е потребно да се примени и брусна хартија. Експертите на здружението го земаа во предвид и времето на работа со производите од двете различни групи.
При тестот на ефикасноста не се оценуваа само отстранувањето на гребаниците и отстранувањето слој од лакот, што резултира од обработката, туку и сјајот и отсуството на заматеност на обработените места. Повеќето политури немаа проблеми целосно да ги отстранат помалите гребаници во лакот. Поголеми разлики се појавуваат при обработката на длабоки гребаници. Некои од средствата постигнуваат беспрекорен изглед по обработката на лакот, додека кај некои воопшто не се воочува подобрување. Оцените во овој дел од тестирањето најмногу влијаеја врз крајниот пласман на производите.
Производи за неискусни корисници
Dr.O.K.Wack
A1 Nano Polish |
Westfalia
Hurrikan |
Meguiar’s
Scratch X2.0 |
FK Automotive | Neo Clean | Nigrin | 3M
Scratch and Sqirl Remover |
Autosol | |
Цена (во Германија) | 13,09 евра | 9,99 евра | 15,95 евра | 1,29 евро | 12,99 евра | 4,99 евра | 51,50 евра | 5,18 евра |
Количина | 50 ml | 500 ml | 207 ml | 473 ml | 2 x 125 ml | 150 ml | 473 ml | 75 ml |
Потребно време | 10 min | 3 min | 4 min | 5 min | 4 min | 4 min | 5 min | 6 min |
Употреба | ||||||||
Количина | 10 | 6 | 6 | 6 | 8 | 6 | 6 | 6 |
Упатство | 9 | 6 | 4 | 6 | 6 | 6 | 3 | 5 |
Примена | 9 | 8 | 6 | 5 | 7 | 7 | 6 | 5 |
Време | 6 | 9 | 8 | 8 | 8 | 8 | 8 | 8 |
Вкупно | 34 | 29 | 24 | 25 | 29 | 27 | 23 | 24 |
Ефикасност | ||||||||
Мали гребаници | 20 | 20 | 20 | 20 | 20 | 18 | 20 | 16 |
Длабоки гребаници | 17 | 14 | 13 | 6 | 6 | 4 | 6 | 4 |
Симнување лак | 18 | 18 | 20 | 20 | 20 | 20 | 18 | 20 |
Сјајност | 9 | 5 | 10 | 5 | 5 | 9 | 5 | 5 |
Заматеност | 9 | 9 | 10 | 5 | 7 | 5 | 10 | 5 |
Количина на нанесување | 7 | 9 | 8 | 6 | 8 | 7 | 8 | 6 |
Вкупно | 80 | 75 | 81 | 62 | 66 | 63 | 67 | 56 |
Трошоци | ||||||||
Цена | 8 | 17 | 11 | 20 | 11 | 14 | 11 | 11 |
Вкупно | 8 | 17 | 11 | 20 | 11 | 14 | 11 | 11 |
Крајна оцена | 122 | 121 | 116 | 107 | 106 | 104 | 101 | 91 |
Препорака | Се препорачува;
Победник на тестот |
Се препорачува; Најисплатливо средство | Се препорачува |
Производи за искусни корисници
Sonax
Сет за отстранување гребаници |
Quixx
Отстранувач на гребаници на лак |
Liqui Moly
Паста за брусење и полирање |
Presto
Отстранувач на гребаници |
|
Цена (во Германија) | 10,79 евра | 12,95 евра | 8,49 евра | 11,99 евра |
Количина | 2 х 25 ml | 2 х 25 ml | 300 ml | 2 х 25 ml |
Потребно време | 25 min | 25 min | 4 min | 20 min |
Употреба | ||||
Количина | 10 | 9 | 6 | 9 |
Упатство | 9 | 10 | 6 | 8 |
Примена | 9 | 8 | 7 | 8 |
Време | 6 | 6 | 10 | 7 |
Вкупно | 34 | 33 | 29 | 32 |
Ефикасност | ||||
Мали гребаници | 20 | 20 | 20 | 20 |
Длабоки гребаници | 18 | 16 | 14 | 9 |
Симнување лак | 20 | 18 | 18 | 20 |
Сјајност | 10 | 9 | 5 | 5 |
Заматеност | 10 | 10 | 7 | 5 |
Количина на нанесување | 5 | 5 | 8 | 5 |
Вкупно | 83 | 78 | 72 | 64 |
Трошоци | ||||
Цена | 8 | 8 | 14 | 8 |
Вкупно | 8 | 8 | 14 | 8 |
Крајна оцена | 125 | 119 | 115 | 104 |
Препорака | Се препорачува; Победник на тестот | Се препорачува | Се препорачува |