за

За овие идни модели на BMW уште е добар зимскиот студ

bmw ix3, bmw i4, bmw inext arjeplog test

Три нови модели во семејството на BMW i моментно се тестираат во услови на екстремен студ во Поларниот Круг. Електричното трио iX3, i4 и iNext ќе се појави во продажната мрежа во следната и во 2021 година

Електричната подмарка на Баварците, BMW i, моментно ги тестира трите идни модели во познатиот центар Арјеплог, на крајниот север на Шведска. Прв од триото пристига BMW iX3, електрична верзија на актуелниот X3, кој ќе се најде во продажба веќе во текот на следната година. Една година подоцна пристига лимузината BMW i4, заедно со кросоверот BMW iNext.

Арктичкиот студ ги става на голем предизвик електромоторите, високоволтните батерии и контролната електроника на технологијата BMW eDrive. Секако дека во овие екстремни услови се докажува и ефикасноста на системите за контрола на стабилноста, како и сигурноста во нивната работа.

Во електричното трио на BMW работи петтатa генерација на eDrive

BMW iX3 ќе постигнува досег од преку 400 километри, а неговата техника ќе дозволува и приклучување на супербрзи полначи од 150 киловати. Производството на овој модел ќе се одвива кај партнерот Brilliance во Кина, од кадешто ќе се снабдува светскиот пазар.

New item by Automedia MK / Google Photos

BMW открива детали и за спортскиот i4, кој ќе има купе-лимузинска каросерија. Неговиот досег ќе надминува 600 километри, спринтот до темпо сто ќе трае само 4,0 секунди, а крајната брзина ќе биде ограничена на 200 километри на час. BMW i4 ќе се произведува од 2012 година, во Минхен.

New item by Automedia MK / Google Photos

Последниот во триото, BMW iNext, ќе биде и најреволуционерниот модел, бидејќи освен со електричниот погон, тој ќе се издвојува и со напредните можности за автопилотирано возење. Со овој кросовер започнува и следната ера на модели на Баварците, како производ од стратегијата Number One > Next. Тој ќе биде основа за дизајнот, автономното возење, конективноста, електрификацијата и новите услуги за мобилност во идната генерација модели на BMW. Кросоверот ќе се произведува во Динголфинг, почнувајќи во 2021 година. Досегот исто така изнесува 600 километри, додека автономната технологија го достигнува нивото 3.

New item by Automedia MK / Google Photos

BMW X1 само за Кина со нов хибриден погон и продолжена каросерија

По купе-лимузината Mercedes CLA доаѓа и BMW 2 Gran Coupe

Продажбата на BMW во минус, сите надежи во новата „тројка“

BMW со салонско деби на серијата 7 и со армада хибриди

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mazda CX-5 modelska 2019

Mazda CX-5 со мали измени во новото моделско годиште

audi e-tron isporaka forum ingolstadt

Џенифер го презеде првиот Audi e-tron директно од фабрика