Една од највозбудливите премиери на женевскиот салон е McLaren P1 GTR. Овој болид со хибриден погон и моќност од 1000 КС е наменет исклучиво за тркачките патеки и развиен е како ултимативен тркач, со примена на сите технологии и знаења со коишто располага британскиот специјалист за трки. Звукот и перформансите на 3,8-литарскиот V8 со твинтурбо натполнење ќе можат да ги доживеат само избрани клиенти. McLaren смисли и посебен третман за нив. Во екслузивната „драјвер програма“ спаѓа покана во сопствениот технолошки центар, кадешто прво стои на располагање возење во симулатор, а потоа и кулминацијата, излегување на тркачка патека. Но, за тоа мора да се исполни еден предуслов. GTR е достапен само за оние што веќе поседуваат „стандарден“ P1 во сопствената гаража. Покрај тоа, потребно е од сметката да се префрлат и два милиона евра.
за Нови модели, Салони
Женева 2015: За GTR мора прво да се поседува McLaren P1
