Женева 2015: Qoros 3 City SUV е новиот кросовер од Кина

Наспроти вообичаената практика на додавање имиња што немаат допирна точка со реалната примена на возилото, кинескиот Qoros го нарекува својот кросовер чесно и едноставно City SUV.

Под името City SUV на салонот во Женева дебитираше новиот модел на кинеската марка зад којашто стојат врвни германски експерти. „Градскиот кросовер“ ја користи како основа каросеријата на стандардната комбилимузина Qoros 3 и вообичаено за сортата располага со поголемо растојание од подлогата и додатоци во стил на теренец. Моделот се продава на кинескиот пазар веќе од крајот на минатата година, по цена од околу 20.000 евра. И покрај одличните критики и врвните резултати постигнати на краш-тестовите, марката уште не стартува со продажба на европскиот пазар. Во следната година до година и пол се очекува марката да се појави прво на пазарите во Средна Европа и на Средниот Исток.

За првпат надвор од Кина е претставена втората генерација на платформата за конектирање Qoros Qloud 2.0. Посетителите на женевскиот салон можат да ја пробаат работата на системот во посебно салонско возило со отворени страни и проѕирен покрив.

Претходна објаваЖенева 2015: Kia Sportspace е идното големо комби на Корејците
Следна објаваЖенева 2015: За GTR мора прво да се поседува McLaren P1

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here