Еуроимпекс и Peugeot на традиционален тениски турнир за дипломатскиот кор

Peugeot teniski turnir

Традициите вистински се почитуваат во Еуроимпекс и во настапот на марката Peugeot пред македонската јавност. Бројна публика викендов присуствуваше на традиционалниот тениски турнир за претстаниците од дипломатскиот кор во Македонија, којшто се одржува со поддршка на увозникот на Peugeot. Турнирот се одржа во саботата, на терените на „Евросет“ во Скопје, во соработка меѓу Еуроимпекс, Францускиот институт во Скопје, Дипломатскиот клуб и МНР.

На традиционалниот тениски турнир зедоа учество претставници на дипломатскиот и конзуларниот кор во земјата, претставниците на меѓународните организации и вработени во Министерството за надворешни работи. Овогодишното издание мина во знак на 25-та годишнина од воспоставувањето на дипломатски односи помеѓу Франција и Македонија.

Peugeot teniski turnir 5

Еуроимпекс како постојан поддржувач на тенискиот спорт ги пречека присутните дипломати и преставници на конзуларниот кор со Peugeot 3008 SUV, којшто беше во својство на „пријател на настанот“. За масовноста на турнирот говори податокот дека на него учествуваа 33 лица.

Peugeot 508 SW стартува во специјална серија „First Edition“

Peugeot најпродавана марка на францускиот пазар во септември

Peugeot 508 премиерно пред македонската публика

Peugeot му дава шарм на хибридниот погон

Претходна објаваTesla дистрибуираше Софтвер 9.0 во своите автомобили
Следна објаваПремиум АГС е нов застапник на Volvo во Македонија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here