за

Електричен Nissan разнесува брза пошта низ Италија

10. NISSAN NV200, продадени примероци 686 –

Брзата поштенска служба DHL набави 50 комбиња со погон на струја од Nissan. Двете фирми лани договорија организирање на возен парк што не ја загадува животната средина.

Јапонскиот лидер во електричниот погон Nissan започна со испорака на 50 електрични комбиња e-NV200 за службата за брза достава на пратки DHL. Двете фирми лани договорија организирање на возен парк без ниту грам штетна емисија за животната средина. Електричните комбиња на Nissan во почетокот ќе се користат за достава во италијанските градови Милано и Рим.

„Евтината“ нафта не ги колеба плановите на напредните заедници за зачувување на животната средина и ослободување од зависноста од увоз на горива. Погонот на струја, меѓу другото, е многу поевтин од погонот со нафени горива

Возилата со погон на струја минаа строги тестови пред да бидат пуштени во употреба низ метежот на италијанските метрополи. Електричниот NV200 без проблеми ја мина вообичаената дневна тура со 45 испораки и 25 преземања на пратки низ Рим. Вкупната должина на оваа тура изнесуваше 120 километри, а возилото може да мине до 170 километри со едно полнење на батериите. Според статистиките, околу две третини од возилата на компаниите за достава минуваат помалку од 100 километри дневно. NV200 со погон на струја наскоро ќе почне да се користи и во Фиренца, Верона, Болоња, Наполи, Салерно, Бари и Катања.

За погонот на e-NV200 се користи електромоторот од Nissan Leaf, во комбинација со батерии што се полнат до 80 проценти за помалку од половина час на брзите полначи на Nissan. Комбито има товарен простор со зафатнина од 4,2 метри кубни и носивост до 770 килограми. Батериите се сместени под подо и не одземаат од корисниот простор.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто купувањето користен Bugatti Veyron не е добра идеја?

Edag Light Cocoon: Зимска јакна место каросерија