за

Душмани на нафтените компании: 1600 километри со еден резервоар

Новешките рекордери во штедливо возење Кнут Вилтхил и Хенрик Борхгревинк поминаа 1.619 километри со само еден резервоар. Заслуга и за возилото: Ford Focus EcoBoost со три цилиндри и 125 КС.

Рекордерската рута водеше низ Норвешка, Шведска и Финска, при што Focus трошеше во просек 3,3 литри бензин на сто километри. Норвешкото дуо верува дека поставило нов рекорд за моделот на Ford. Вилтхил и Борхгревинк го стартуваа нивното патешествие на 400 километри северно од Поларниот Круг, во норвешкиот Каутокејно. По 28 часови во возење тие пристигнаа во норвешката престолнина Осло, буквално со последната капка бензин.

Рекордната вредност се постигна со просечна брзина од 60 километри на час, со исклучен клима уред и со избегнување на нагли сопирања и забрзувања. За сé да биде веродостојно и проверено, возењето го надгледуваше норвешката полиција.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Пет ѕвездички на краш тестот за комби изведбата на Seat Leon

Милион наелектризирани Јапонци во 2018 година