По повлекувањето од Авганистан, американската војска се соочува со голем проблем. Целиот возен парк треба да се врати. Првично идејата беше возилата да се уништат. Но, плановите се сменија.
Американската војска се повлекува од Авганистан, а тоа подразбира дека најголемиот дел од воената опрема сега треба да врати назад во САД. Според Пентагон, станува збор за најголемото повлекување на опрема во историјата на земјата.
За процесот да се поедностави и да се заштедат пари, дел од опремата ќе се уништува на самото место, место да се враќа назад. Но, со воените возила е поинаку. Првичните планови на Пентагон предвидуваа и минските возила да се уништат во Авганистан. Но, по протестот на американската индустрија за наоружување, којашто стравува дека ќе го изгуби пазарот за скапите резервни делови за специјалните воени возила вредни по половина милион долари, Пентагон мораше да бара ново решение. Војската ги извести сојузниците и своите пријатели во светот дека им ги отстапува воените возила. Кој е заинтересиран, треба само да побара.
Во Авганистан се останати 6500 воени камиони
Сојузниците досега не покажуваат интерес. Експертите се сомневаат дека воопшто ќе се најдат заинтересирани странки за 6.500-те камиони што се останати во Авганистан и имаат претрпено оштетувања во ангажманот во земјата. Пет фирми ги произведуваа овие возила, од кои поголемиот дел е опремен со артилериско оружје и коишто во скоро време ќе се најдат во служба на полицијата, на првата помош и на хуманитарните организации. Бизнисмените и приватните корисници засега немаат пристап до овие возила.
Процедурата се разликува кај ненаоружаните воени возила, кои ќе бидат понудени на наддавање. На интернет страницата www.govliquidation.com може да се погледнат сите овие возила што ќе одат на јавно наддавање. Почетната цена за некои од воените камиони звучи мошне привлечно: 25 долари!