за

Внимателно при возење под замор: Опасно секундно заспивање зад воланот

Очните капаци стануваат сé потешки, прозевањето не се сопира, и одненадеж, се случува. Среде возење, очите се затвораат, толку брзо што возачот дури и не е свесен за тоа.

Моментот е кус, но не треба ништо подолго од тоа да се изгуби контролата над возилото и да се предизвика тешка сообраќајна незгода. Станува збор за таканареченото секундно заспивање  зад воланот, како еден вид на напад на замор, кој што предизвикува спонтано задремување и може да се случи дури и со отворени очи. Опасното секундно заспивање според европските статистики на незгоди е причина за секоја четврта незгода. Предизвикувач е телесното отпуштање при удобна положба во седиштето во услови на едноличност во возењето. Најголема опасност постои при долгите возења.

Подобро да се жртвува половина час за одмор отколку да се жртвува животот

Главните причини за секудното заспивање сепак се пречки во спиењето и заморот. Поради тоа е важно зад воланот да се седнува само кога човек е добро наспиен, како и да се предвидат редовни одмори во возењето. Ноќното возење по можност треба да се избегнува. Доколку тоа не е можно, помага често отворање на прозорецот или одмор со раздвижување на свеж воздух, за да се разбистри заморот. Пуштањето гласна музика или зборување со сопатникот не е од помош, туку поради одвлекувањето на вниманието од случувањата во сообраќајот дури и ја зголемува опасноста од незгода. Доколку заморот не може да се потисне ниту со излегување на свеж воздух или раздвижување, најдобро е да се направи подолг одмор и да се задоволи потребата на телото за сон. Понекогаш е доволна само куса дремка од 15 минути до половина час. Времето што ќе се пропушти не е толку важно колку опасноста од тешка незгода.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сега и SONY планира да произведува сопствен автомобил

Премиера на салонот во Франкфурт: Porsche 911 отсега само со турбомотори