Сега и SONY планира да произведува сопствен автомобил

Шефот на Sony гледа можност неговата фирма да реализира соработка со некој од поголемите производители на автомобили. Не се исклучува и можноста за развој на сопствен автомобил.

По Google и Apple, сега и јапонскиот производител на електроника Sony покажува интерес за влез во автомобилската индустрија. Шефот Казуо Хиари во интервју за „Фајненшл Тајмс“ изјави дека концернот би можел да реализира соработка со некој од поголемите производители на автомобили. Топ-менаџерот на Sony не ја исклучува и можноста Sony самостојно да развие автомобил и да го понуди на пазарот. „Доколку принципиелно веруваме во ставот дека би можеле да внесеме промени во автомобилскиот свет, тогаш ќе го имаме тоа во предвид,“ изјави Хиари. Конкретни планови сепак не постојат во овој момент.

Батериската техника на Sony може да го предизвика интересот на производителите на возила

Sony го реализира профитот првенствено преку забавна електроника, односно телевизори и играчни конзоли Playstation. Но, концернот произведува и сензори за камери, батерии и акумулатори. Ограничениот капацитет на батериите моментно е еден од главните предизвици за конструкторите на електрични автомобили, со цел да се постигне автономија како кај автомобилите со конвенционален погон. Поврзувањето на преносните електронски уреди и користењето на мрежни услуги исто така претставува растечки тренд во автомобилската бранша.

Претходна објаваDaimler и Renault градат заедничка фабрика во Мексико
Следна објаваВнимателно при возење под замор: Опасно секундно заспивање зад воланот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here