Британците купуваат Suzuki како никогаш досега

Марката Suzuki забележа огромен раст во продажбата на пребирливиот британски пазар. Купувачите во островската земја особено ја ценат противвредноста. Тоа е традиционална силна страна на Suzuki.

Увозникот на марката Suzuki во Велика Британија постигна рекордна продажба во првиот квартал, со 11.520 возила, што е за 1.026 возила повеќе отколку во претходно најдобриот квартал. Најголемиот пораст во првите три месеци од годинава е забележан во март, со 8.472 возила. Тоа е 734 возила над претходниот мартовски рекорд, во 2007 година. На еден месец пред затворањето на деловната година 2013 на британскиот пазар, Suzuki има продадено вкупно 34.652 возила во периодот од минатиот април, не сметајќи ги доставните возила. Тоа претставува уште еден рекорд во продажбата на пазарот во островската земја.

Одличните бројки на продажба во Британија произлегуваат и од глобалниот пораст во продажбата на Suzuki, која што во минатата година продаде 2,69 милион возила (+2,8%). Британците најмногу го купуваат моделот Alto, кој со повеќе од 13.000 примероци во минатата деловна година за прв пат го престигна Swift, како најпопуларен модел во гамата на Suzuki. Значаен удел во продажбата има и новиот SX4 S-Cross, со кого марката цели на купувачите со повисоки барања.

Во понудата на јапонскиот специјалист за градски и теренски возила наскоро ќе се придружат новиот Celerio (од почетокот на 2015 година), како и новата генерација на компактниот теренец Grand Vitara.

Претходна објаваMercedes со рекордна мартовска продажба
Следна објаваBMW започна со производство на електричниот скутер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here