за

Бизнисот на Nvidia со голем пораст, овојпат не е од автомобилите

Бизнисот на Nvidia расте повторно, овојпат не од автомобилите

Nvidia е една од компаниите на коишто корона-кризата им го зголеми пазарот. Игрите и потребата од компјутерски центри значително ја зголемија побарувачката за графички карти и процесори. Испораките за авто-индустријата подзапреа.

Специјалистот за графички карти Nvidia во минатиот квартал постигна огромна заработка. Прометот на концернот, чијашто техника се користи масовно во подрачјето на вештачката интелигенција, порасна за 39 проценти, на три милијарди долари. Заработката во периодот порасна од 394 на 917 милиони долари.

Деловните резултати на Nvidia драстично отстокнуваат во споредба со бизнисот на останатите компании за време на корона-кризата. Одличниот бизнис се темели првенствено на тоа што голем број лица се префрлија на домашна работа и на комуникација преку видео-конференции. Во исто време, се зголеми и користењето на видеоигри.

Најголем удел во зголемувањето на прометот е постигнат во продажбата на центри за видео-конференции, со раст од 80 проценти, на 1,14 милијарда долари. Кај графичките карти на Nvidia за персонални компјутери, прометот се зголемил за 27%, на 1,34 милијарда долари.

Компанијата моментно профитира и во подрачјето на техника за автопилотирано возење и за напредни системи за асистенција. Прометот на Nvidia во ова подрачје, со 155 милиони долари и раст од седум проценти, сепак е помал во споредба со останатите деловни гранки на компанијата.

https://www.instagram.com/p/CAd73P6lJ3O/

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mercedes ја започнува камањата за новиот GLA

Mercedes ја започнува кампањата за новиот GLA

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина

Jetta во април постигна 13.500 продажби во Кина