Баварскиот канцелар ќе се вози во хибриден BMW од серијата 7

Германските политичари веруваат дека народот ќе ги почитува повеќе доколку се возат во лимузина на струја, место во блиндирана лимузина од милион. Баварскиот канцелар Марсел Хубер денес го презеде службениот BMW 740е iPerformance, со плагин-хибриден погон, кој меѓу другото овозможува и возење само на струја.

Баварската државна канцеларија го наелектризира службениот возен парк. Членовите на баварската влада отсега ќе патуваат на состаноците возејќи се на струја во BMW 740e iPerformance. Покраинскиот канцелар др. Марсел Хубер денес лично ја презеде репрезентативната лимузина со плагин-хибриден погон од „светот на BMW“ во Минхен.

Томас фон Гросман, BMW: „Електромобилноста повеќе не е визија, туку е реалност“

Баварската марка нуди три варијанти од плагин-хибридниот модел од серијата 7: Стандарден 740e iPerformance, верзија 740Le со продолжена каросерија и 740Le xDrive дополнително со погон на сите тркала. Според BMW, моделите iPerformance се највисок стадиум на примена на принципите на Efficient Dynamics, како што веќе со години се води стратегијата на спортската марка за оптимизација на ефикасноста на возилата. Голем дел од искуствата пристигаат од електричниот погон eDrive во BMW i3 и BMW i8, исто како и карбонското јадро на каросериската структура. Покрај тоа, за полнење на батериите може да се користат полначите што веќе се развиени за BMW i.

Во BMW Welt или „светот на BMW“ секој иден сопственик може да го презеде своето ново возило од марката. Целата комплекс е изграден и организиран со цел на купувачите на BMW да им понуди незаборавно искуство при преземањето на возилото. Дневно од BMW Welt се испорачуваат до 160 возила. Од отворањето во 2007 година, над 150.000 нови сопственици на BMW од целиот свет пристигнале во Минхен да го преземат својот автомобил.

Претходна објаваРазгневен возач пробува да се симне од „пајак“
Следна објаваСамовозечко пиво: Прва испорака на стока со автономен камион

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here