за

Самовозечко пиво: Прва испорака на стока со автономен камион

Извршена е првата испорака на стока со камион со автономна технологија: 50.000 конзерви пиво минаа близу 200 километри пат без возач зад воланот. Компаниите очекуваат технологијата за автономно возење да им овозможи заштеда во трошоците, меѓу другото и поради тоа што „електронскиот возач“ нема потреба да одмора.

Камион натоварен со 50.000 конзерви пиво самостојно измина пат во должина од близу 200 километри по автопат во американската сојузна држава Колорадо. Возачкото седиште остана празно на целата релација.

Потфатот е дело на алтернативното такси Uber, односно на старт-ап компанијата Otto, којашто ја разви автономната технологија за камионот. Целта на Otto беше да му докаже на светот дека технологијата е веќе созреана и може без проблеми да се применува во секојдневниот сообраќај по автопатиштата. Заради сигурност, камионот сепак беше придружуван од полицијата. По градските улици, управувањето со камионот му беше препуштено на возачот.

Поголема ефикасност на транспортот, поради тоа што „е-возачот“ не одмора

Производителот на пивото очекува дека преоѓањето на возен парк со камиони со автономна технологија ќе му донесе заштеда од 50 милиони долари годишно, без разлика што во камионите и натаму ќе биде задолжително присуство на возачот. Заштедата ќе се постигне преку намалените трошоци за гориво, но првенствено од тоа што електрониката нема потреба од одмор, односно камионот може постојано да биде во движење.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Баварскиот канцелар ќе се вози во хибриден BMW од серијата 7

Audi заминува од Леман, новиот предизвик е Формула Е