Разгневен возач пробува да се симне од „пајак“

Колкава доверба имаат возачите на Toyota во своите автомобили покажува ова видео снимено во Ирска. Возачот разгневен од казнената мера е решен да го симне својот Avensis натоварен на камион на пајак-службата. Ако некој се сомневаше, автомобилот не може тукутака да се симне од пајак. Ниту Toyota.

Против градскиот пајак не се може. Единствената сила што ќе го симне автомобилот качен на пајак е силата на парите. Но, секој возач не ги прифаќа работите толку лесно. Овој Ирец е револтиран што токму неговата Toyota Avensis се нашла за непрописно паркирана и седнат зад воланот е решен со сила да го симне автомобилот од платформата. Човекот правилно зема залет, притиска машки на педалот за гас и понатаму се би требало да мине „без проблем“. Сепак, не е така.

https://youtu.be/E61DM9PSveY

Претходна објаваMercedes гради втора фабрика за батерии
Следна објаваБаварскиот канцелар ќе се вози во хибриден BMW од серијата 7

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here