Mercedes гради втора фабрика за батерии

Концернот Daimler започна со градба на втората фабрика за батерии на фирмата-сестра Accumotive. Со инвестиција од околу 500 милиони евра, во германскиот Каменц се гради една од најсовремените и најголеми погони од овој вид во Европа.

Новата фабрика треба да започне со работа во средината на 2018 година. Земјиштето со површина од 20 хектари се наоѓа во непосредна близина на постоечката фабрика за батерии, на 50 километри оддалеченост од градот Дрезден.

Со изградбата на втората фабрика, површината на објектите за производство и за логистика ќе се зголеми четирипати, на 80.000 метри квадратни. Паралелно со тоа и бројот на вработени ќе се зголеми двојно до крајот на деценијата.

Когенерациска централа, струја од сончеви колектори и стационарни акумулатори ќе ја снабдуваат фабриката за батерии со потребната енергија 

Новата фабрика ќе работи неутрално во поглед на емисијата на СО2. Когенерациска централа и систем од фотоволтаички колектори, во комбинација со стационарни акумулатори, ќе ги снабдуваат производствените погони со енергија. За таа цел, на покривот на новата производствена хала ќе се постават соларни модули со површина колку две фудбалски игралишта и моќност од два мегавати.

Во Каменц ќе се произведуваат литиум-јонски батерии за сите возила на Mercedes и Smart со електрифицирана погонска спрега, односно плагин-хибриди и чисто електрични возила. Покрај тоа ќе се произведуваат и единици за стационарните акумулатори на Mercedes, како и за 48-волтни системи. Во иднина во повеќе модели ќе се користи 48-волтна електрична мрежа.

Претходна објаваMini подготвува вистинска теренска изведба од новиот Countryman
Следна објаваРазгневен возач пробува да се симне од „пајак“

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here