за ,

Автомобилскиот град на Хитлер наполни 75 години

Градот на Volkswagen наполни 75 години. Во мај 1938 година Адолф Хитлер го постави темелите за фабриката во која што требаше масовно да се произведува „Народното возило“.

Кога и да се спомне градот Волсбург, секогаш се помислува на Volkswagen. Фабриката која што националсоцијалистите на Адолф Хитлер ја изградија за производство на „Народното возило“ беше и единствената причина за основање на градот, односно за изградба на живеалишта за вработените. Во почетокот, новото населено место фигурираше под името „Град на возилото на моќта преку радоста покрај Фалерслебен“, односно скратено Ка-Де-Еф-Штат. Градот со 2.200 станови во згради од камени блокови, кои потсеќаа на касарна, со многубројни бараки и неколку помали села конечно го доби името Волфсбург во 1945 година – по стариот замок покрај реката Алер.

wolfsburg

Дури откако британската воена власт реши да го стартува производството на Бубата во декември 1945 година, фабриката и градот добија нови перспективи. Во 1950-те години Бубата претставуваше симбол на германскиот економски бум. Како што растеше фабриката, така растеше и градот. Во средината на 1950-те години, тој веќе броеше 54.000 жители. Дури и по еден милион произведени примероци од Бубата, градот сé уште немаше ниту Градско собрание, ниту железница.

Hitler-bei-Grundsteinlegung-des-VW-Werkes-Wolfsburg-2-

Сместувањето на вработените долго време беше централен проблем на градот. Касарните од нацистичката ера и типичните згради со рамен покрив од периодот по војната денес стојат покрај екстравагантните градби на познатите архитекти Алвар Алто или Заха Хадид. Во градот што денес брои 120.000 жители први се доселија принудни работници и бегалци, а поради тоа што Volkswagen обезбедуваше работа и добри плати, потоа почнаа да пристигаат доселеници од цела Германија. Во 1962 година дојдоа и првите гастарбајтери од Италија.

Ruegen__Prora__Kraft_durch_Freude__KdF

За градот да биде пријатен за работната сила, во 1951 година Volkswagen му подари бања, потоа учествуваше во изградбата на Градското собрание и на театарот, па дури и на неколку цркви. Волфсбург му е потребен на Volkswagen, градот сепак треба да биде атрактивен. Градот веќе одамна е премал за работната сила на фабриката. Во следниот период претстои можно фузионирање со округот Хелмштет, каде што живеат околу 50.000 вработени во фабриката на Volkswagen.

zgbdc5-6a7uh0ncsgk1168ed60i-original-2-

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Peugeot 2008 освојува со оригиналност

Оцена на користено возило · BMW X3 (2003-2010)