Автомобилот-робот на Google ќе го менува светот

гугл автомобил, google car

Интернет гигантот Google го претстави прототипот на својот прв автомобил. Самовозечкиот робот е далеку од убав, но тоа нема да му пречи да го промени светот. Ова се десетте тези за иднината на автомобилизмот.

Долгонајавуваниот автомобил на Google е реалност. Гигантот за пребарување на интернет го претстави сопствениот прототип. Досега Google експериментираше со постоечки автомобили во коишто беше доградена техника за самостојно возење и поради тоа изгледаа како лабораторија на тркала.

Автомобилот што Google го разви самостојно со изгледот отстапува од тоа што моментно го имаме по улиците. Нема светла со агресивен изглед, маски што оддаваат моќ и широки крила. Во споредба со Google-Car дури и Smart изгледа како тркачки автомобил. Роботскиот автомобил е дел од блиската иднина и ќе предизвика радикални промени во светот.

 

1. Нема да има сообраќајни незгоди

Најголемото ветување на роботските автомобили е дека со нив повеќе нема да има сообраќајни незгоди и жртви. Тие ќе реагираат подобро од човекот на грешките на другите учесници во сообраќајот.

 

2. Нема да има сообраќајни казни

Сообраќајната полиција ќе остане без работа, затоа што роботските автомобили не грешат, не минуваат на црвено и не возат побрзо од дозволеното. Буџетот ќе се полни помалку. Дури и казните за недозволено паркирање ќе станат поретки. Ако не најде слободен простор, роботот едноставно продолжува да го бара следното место за паркирање.

 

3. Автомобилите ќе станат како дневна соба на тркала

Електрониката раководи со сите функции на возењето и нема потреба од волан и педали. Во Google-Car има само седишта за патниците. Тоа прави автомобилот на интернет гигантот да биде сосема поразличен од вообичаените автомобили и во овој поглед.

 

4. Автомобилите ќе станат полесни и поевтини

Денешните автомобили се тврдини со тешко наоружување коишто имаат задача да ги заштитат патниците при грешка на возачот. Според тоа, на автомобил што не прави грешки и не предизвикува незгоди, не му се потребни ниту воздушни перници или патничка кабина што е цврста како бункер. Безбедносните системи сепак ќе бидат неопходни затоа што во сообраќајот ќе има и автомобили што не се роботи.

 

5. Уживањето во возењето ќе замре

Првото возење на автомобил-робот сигурно ќе биде возбудливо доживување, но на подолг рок возењето ќе им стане здодевно на возачите што се зависници од адреналинот зад воланот. Во замена за уживањето во возење ќе има забавни содржини за возачот и патниците, како и можност за работење додека роботот вози. Google-Car е само почетокот, поскапите автомобили ќе се претворат во подвижни салони.

 

6. И луѓето ќе може да возат

Во иднина луѓето ќе можат да возат само на тркачките патеки. На вистинските зависници од возењето ќе им се понуди можност да управуваат сами со возилото, но доколку премногу „забегаат“, компјутерот сам ќе ја преземе контролата врз возилото.

 

7. Ќе има повеќе забави

Возењето автомобил повеќе не е пречка за вечерните забави. Кога зад воланот не мора да има човек, во саботните вечери ќе може повеќе да се прославува и пие.

 

8. Таксито ќе поевтини

Без потреба од надомест за возачот, роботското такси ќе биде многу поевтино. Тоа може да претставува сериозна кокуренција за автобускиот и шински јавен превоз.

 

9. Постарите лица ќе бидат помобилни

Робот автомобилите се како измислени за пензионерите или хендикепираните лица.

 

10. Некои работни места ќе исчезнат

На подолг рок, професиите на возачи на такси, автобуси и камиони ќе исчезнат. Нема потреба ниту од возачка дозвола, така што и инструкторите стануваат непотребни.

 

Претходна објаваМоже и така: Volvo го претстави ентериерот на новиот XC90
Следна објаваКина повлекува 6 милиони возила поради загаденоста на воздухот

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here