за

Може и така: Volvo го претстави ентериерот на новиот XC90

volvo xc90 2015

Новата генерација на големиот теренец на Volvo ќе стартува со продажба во почетокот на 2015 година. Швеѓаните сега го прикажуваат прво ентериерот, а наесен следува и остатокот од XC90.

Ниту еден друг модел на Volvo претходно се нема појавено со толку луксузен ентериер каков што поседува новиот XC90 – убедени се во шведската марка. Најголемата иновација е во големиот дисплеј со формат на таблет, преку когошто се ракува со сите функции на возилото, место на класичниот начин со копчиња и регулатори. Во кокпитот е вградена импресивна доза на скапо дрво и мека кожа, на што се надоврзуваат рачка на менувач од кристал изработен од Orrefors, познат шведски производител на стакло, како и копче за регулирање на силината на радиото што прецизно е изрежено со дијаманти.

Седиштата ќе нудат врвен комфор и ќе поседуваат електромотори за дотерување на страниците на седиштето според телото, можност за дотерување на должината на седечката површина, лумбално местење и три меморирани позиции. Со доплата, во седиштата ќе се вградуваат вентилација и функции за масажа на телото. Купувачите ќе можат да изберат и спортски седишта, со оптимална поддршка.

Назад има три единечни седишта со надолжно местење, за повеќе простор за колената или за повеќе простор во багажникот. За средното седиште се нуди и интегрирано детско седиште. Големиот теренец ќе поседува и трет ред седишта, со комоција за патници високи до 1,70 метар што ќе биде врвна во класата. Со доплата, и тие може да се местат со помош на електромотори. Четиризонска автоматска клима ќе биде на списокот на дополнителна опрема, со посебни контроли за третиот ред и со зголемена моќ на филтрирање на воздухот.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Електричниот Tesla Model S вози како такси во Виена

Автомобилот-робот на Google ќе го менува светот