Дефендер ги објави финалистите за 3.000-километарскиот Дефендер Трофи

Се чека уште датумот и победниците на национално ниво ќе можат да се впуштат во веројатно најголемата возачка авантура во животот – Дефендер Трофи.

Познати се 36-те финалисти што ќе учествуваат на Дефендер Трофи 2026. Завршното одмерување на силите на најдобрите од одделните натпревари на национално ниво ќе се одржи подоцна годинава, во Африка.

Настанот се одржува во соработка со Таск (Tusk), фондација за зачувување на дивиот свет. До финалето требаше да се докажат најдобрите од преку 23.000 пријавени кандидати за Трофејот. Меѓу финалистите има и астронаути, и филмски продуценти и режисери, и учители.

Возачката авантура Дефендер Трофи се одржува првпат и се надоврзува на претходните трофи и челинџ натпревари. Намерата е Дефендер Трофи да прерасне во традиција, достојна на прочуениот Камел Трофи, што престана да се одржува главно поради забраната за рекламирање цигари – индустрија што трошеше милиони за популаризација на своите производи.

На изборот на 36-те финалисти му претходеа 10 настани на регионално ниво. Храбрите и вешти возачки и возачи се упатија кон Африка за да се соочат со најтешки предизвици, да ги осознаат своите граници и да се уверат во своите способности за возење на терен.

Дефендер Трофи се враќа на сцената по 45 години откако стартуваше спомнатиот настан, првпат одржан во 1980 година, една година по Дакар релито.

Претстојат 3.000 километри за совладување низ три држави. Натпреварувачите ќе имаат, меѓу другото, и задача да ги поддржат проектите на фондацијата Таск.

Финалистите

  • Азија и Пацификот: Лили Хилари
  • Австралија: Глен Вимберли, Луиз Мекнер
  • Кина: Ши Цејуен, Ванг Сјуенји, Џу Вејќанг
  • ЕУ: Матилд Вуњи, Макс Ферер, Марк Офенбахер, Микеле Нава, Анри Стејарт, Нилс Вандрагер, Тобијас Верник, Павел Палонци, Мерт Беџе, Симон Кеслер, Ожбе Штеблај, Патрик Сандел, Димитриос Клеон Пападимитриу, Бартош Колачковски, Патриција Вошчек
  • Јапонија: Наоки Имамура
  • Близок Исток и Северна Африка: Крег Сондерс, Жили Миласо, Халед Ахмад Алшакер
  • Северна Америка: Натаниел Бигс, Тирин Камерон, Адријан Ковриха, Ендру Левеј, Сара Гилис
  • Јужна Америка: Емилијано Флорес, Луис Едуардо Асеитуно
  • Јужна Африка: Ленс Кајм, Изабел Ру
  • Тајван: Ентони Цај, Луи Ву

Претходна објаваТемпест е новиот „кинески“ транспортер на Фолксваген за Бразил