СУВ-луксузирачот на Мајбах со промени во новата моделска година

Мерцедес-Мајбах од летово ќе го испорачува својот ГЛС во сменето издание. Промените се во графиката на светлата, во хибридизираниот Ве-8, но и во подвозјето и инфо-забавата.

Мерцедес-Мајбах веќе го има следниот новитет. Кусо по претставувањето на освеженото издание на лимузинскиот кртсосувач на база на С-Класата, сега следи неговото СУВ-олицетворение.

Промените во изгледот на новата моделска година се воочуваат во формата на маската, чијашто контура е осветлена, исто како и натписот Мајхбах. Исправените пречки во маската отсега продолжуваат долу во браникот. Решетката во отворите за проветрување, што во дел се и за украс, ја доби шемата на Мајбах. Во споредба со „Бенц“ изведбата на ГЛС, кај Мајбах уште повеќе се полага на отмената појава.

Дигиталните светла, како што Мерцедес ги нарекува своите напредни диодни светла, целосно се преработени и сега постигнуваат подолг досег, како и поголема резолуција. Мајбах додава акценти во боја на розе-злато и амблеми на Мајбах.

Светла со графика во форма на ѕвезда го красат и предниот и задниот дел. Во задните светла се прикажуваат тридимензионални форми на ѕвезда. Додаден е панел што оптички ги поврзува светлата и прави ГЛС да личи како да е уште поширок.

Новитети во понудата од бои се обична темна-петрол и патаногонија-црвена металик, за што треба да се ангажира одделението Мануфактур. Нова комбинација е темна-петрол и сребрена боја.

Ѕвездата стои исправена во новите тркала од 23 инчи

Помали тркала од 22 инчи нема да се вградуваат во новиот Мајбах ГЛС. Над тоа се добива уште еден инч повеќе и изработка на тркалата од лесен метал со ковање. Кај најскапите тркала се добива ѕвезда што е влежиштена во топчесто лежиште и на тој начин се постигнува ѕвездата постојано да е исправена.

Веднаш штом се отворат вратите, оздола излегува стапалник со носивост до 300 килограми, за човек најдостоинствено да се качи во СУВ-то.

За ентериерот може дополнително да се нарача комбинација од напа кожа во бука-кафена и макијато беж боја. На тоа може да се додадат уште два украсни елементи: Ореово дрво со отворени пори во мустра на рибина коска и комбинација од метал и платно во сребрена и сјајна црна боја.

Поголема разновидност во нарачките добиваат и мајсторите во Мануфактур. Во посебна програма што се води како „Направено по мера“, односно мејд-ту-межр, клиентите можат да нарачаат каква било боја на каросеријата, на кожата, на опшивките. Тоа оди и со соодветна парична награда за мајсторите.

Мултиконтурните седишта имаат збогатена обем на функции на масажата. Предните седишта дополнително имаат вибрациска масажа. Доколку назад се избере опција за директорски фотелји, тогаш тие нудат и масажа на листовите. Останува можноста ГЛС да се нарача во изведба со само две седишта назад.

Екраните од 11,6 инчи со врвна резолуција и квалитет на слика за задната клупа се преработени. Покрај вграден камери за видео повици при патување, има и нови далечински контроли што личат на смартфон.

Голема новина е преоѓањето на најновата верзија на сопствениот оперативен систем МБ.ОС, којшто сам вчитува апдејт. Во кокпитот работи најновата генерација на МБУКС со суперскрин, односно три екрани од по 12,3 инчи под едно стакло.

Во новиот режим на прикажување Мајбах, се појавува графика во розе-златна боја. Говорната асистенција користи АИ и се потпира на технологии од Мајкрософт и Гугл. Постојат и физички копчиња за ракување, не се сведува сé на ракување преку екраните.

Во Мерцедес-Мајбах ГЛС 680 работи најновото усовршување на М 177 Ево, мотор Ве-8 што од една страна користи битурбо натполнење, а од друга 48-волтен стартер генератор за да работи како благ хибрид. Мерцедес-Мајбах измери 612 КС, на коишто следат 23 КС краткотрајно при забрзување, и вртежен момент од 850 њутнметри.

Користа од благиот хибрид е во режимот на „едрење“ (се прекинува спрегата меѓу моторот и менувачот), во рекуперацијата и неосетната работа на старт-стопот. Секаков потрес од моторот е сведен на најмала мера, со две балансирачки ланчестер-вратила. За дополнително стишување на кабината, додадена е изолација во челниот ѕид на кабината и во тунелот каде што е сместен менувачот, а вградена е и специјална тешка фолија во заштитата на моторот.

Управувањето работи подиректно, што значи со помалку вртежи од крај до крај. Пневматската суспензија користи нов систем Ерматик, што чита податоци од облак и однапред знае што има напред на патот, за навреме да се подготви. Мајбахот добива податоци за патот напред преку Кар-ту-Икс.

Нов режим на возење е Мајбах, во којшто се става тежиште на комфорот назад. Со доплата се вградува Е-Актив Бади Контрол, односно активно подвозје, што ги анализира податоците 1.000 пати во секунда, со цел да спречи наведнување и клатење на каросеријата. Во режим за свијоци, каросеријата се наведнува за три степени кон внатрешноста на свијок, слично како мотоциклите.

Мајбах почна со нарачки за новиот ГЛС, што се произведува во фабриката на Мерцедес-Бенц во Таскалуза, во сојузната држава Алабама, во САД.

Претходна објаваОпел планира да произведува во Алжир и да се шири на северот во Африка
Следна објаваЛипмотор стана кинески Број 1 во продажбата на електрични автомобили во Германија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here