Peugeot Exalt за салонот во Париз

Французите остануваат на идејата за престижен модел и во Париз ќе излезат со вториот развоен степен на студијата Exalt, со нови материјали, електроскутер во багажникот и ентериер изработен од рециклирана хартија.

Peugeot подготви нова композиција од материјали за концептниот автомобил Exalt. Каросеријата е финиширана во различни тонови на сиво, при што најголемите површини се оставени необработени и се гледа голиот челик, додека задниот дел е обложен со нешто што дизајнерите го нарекуваат кожа од ајкула. Посебен детал во кабината е „дрвото од весници“, кое што е произведено од економските страници на големите дневни весници.

Капакот на багажникот има посебна кинематика за отворање, а под подот се наоѓа HYbrid-kick, малечок и иновативен скутер со погон на струја. За погоинот се грижи HYbrid4 во комбинација од 1,6-литарски турбо бензинец и електромотор за задната оска, со системска моќност од 340 КС.

Претходна објаваНа самитот на Нато ќе се вози Jaguar и Land Rover
Следна објаваMazda MX-5: Што е ново во четвртото поколение на култниот родстер?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here