На самитот на Нато ќе се вози Jaguar и Land Rover

За самитот на Нато што започнува денес во Кардиф и ќе трае во следните два денови, Jaguar Land Rover им испорача вкупно 135 возила на располагање за политичките моќници.

Две третини од возниот парк за самитот се покриени со престижниот теренец Range Rover, а една третина се лимузините Jaguar XJ и XF. Овие возила ќе се користат за превоз на државните и владините шефови во и од хотелот Celtic Manor, каде што се одржува самитот на Нато. Шеесетмина светски политичари, вклучувајќи ги америакнскиот претседател Барак Обама, германската канцеларка Ангела Меркел и британскиот премиер Дејвид Камерон ќе учествуваат на најголемиот самит на Нато што досега бил одржан во Обединетото Кралство. Покрај нив присуствуваат уште 180 министри за надворешни работи и за одбрана, 4.000 делегати и преку 2.000 претставници од медиумите.

Претходна објаваНовата Mazda MX-5 претставена утрово во Барцелона
Следна објаваPeugeot Exalt за салонот во Париз

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here