Донгфенг во првите три месеци од 2026 година продаде 3.124 возила на пазарите во ЕУ, ЕФТА (Швајцарија, Исланд, Норвешка) и ОК, што е зголемување од 2,7 проценти во споредба со истиот период лани. Во овие податоци не се опфатени продажбите на македонскиот пазар, каде што Донгфенг убедливо го држи првото место меѓу кинеските производители, како и од Србија и други регионални пазари вон Унијата.
Донгфенг Мотор турка на сите фронтови, и во најпродаваниот сегмент на европскиот пазар, а тоа се СУВ-моделите од компакт класата, со Фортинг Т5 Ево, и на пазарот на електрични автомобили, со Нами Бокс, па и меѓу премиум марките, со Воја Кариџ.
Од јануари до март, на пазарите во ЕУ, ЕФТА и ОК се продадени 604 возила од моделот Фортинг Т5 Ево, познат на нашиот пазар по тоа што го смени гледиштето кон возилата од Кина и со продажбата ги достигна споредливите модели од традиционалните марки.
Веднаш по него следи целосно електричниот модел од градската класа Донгфенг Нами Бокс, со 517 возила за три месеци. За очекување е дека европската продажба на овој несекојдневен малечок ЕВ, којшто повеќе се движи кон лајфстајл, отколку кон буџет модел, ќе продолжи да се зголемува, откако цените на горивата добија непредвидлив ток.
Трет најпродаван модел, што со големината и перформансите е споредлив со Фортинг Т5 Ево, доаѓа од друга марка на Донгфенг, Еолус. Тоа е автомобилот што сé почесто се забележува по македонските улици, Мејџ. Овој модел што го засилува нападот на кинескиот производител во Ц-СУВ сегментот, до март постигна 374 продажби.
Трите „најпробивни“ модели на Донгдфенг, од три различни марки – Фортинг, Нами и Еолус сочинуваат преку половина од европската продажба на кинескиот производител во првите три месеци.
Лимузината Еолус Шајн се движи кон бестселерите на Донгфенг, ЕУ ја цени противредноста
Меѓу моделите што се издвојуваат се Фенгон Е5, модел со бараниот приклучен хибриден погон во ЕУ (259 возила), потоа кај нас мошне познатиот модел Фенгон 500 од Б-СУВ сегментот (216 возила), и секако лимузината Шајн, голем семеен автомобил со цена на градски автомобил (273 продажби во ЕУ до март).
Премиум марката Воја од почетокот на годинава се продава на македонскиот пазар, како прва марка на кинески производител во премиум-сегментот. Кросоверот од средна класа Воја Кариџ, со целосно електричен погон и луксузна опременост, вклучувајќи и пневматска суспензија, во првите три месеци е испорачан во 64 примероци во ЕУ. Вкупната продажба на Воја, вклучувајќи ги уште поголемите модели Фри и Дример, достигнала 145 продажби.
BAW 212 T01: По планински пат што ретко кој го знае – и никој не го вози
Се очекува на македонскиот пазар наскоро да започне продажбата на Еолус Мејџ и Хјуџ со хибриден погон, што секако ќе даде дополнителен поттик за продажбата на Донгфенг. Во агендата на АБЦ Брадер се спомнува и луксузниот теренец М-Херо, со приклучен хибриден погон. Голема новина годинава е марката вистински теренски возила БАВ.
















