Само Фиат Панда се продава повеќе од Џип Авенџер во Италија

Џип Авенџер е убедливо најпродаван „џип“ во Италија според сите мерила, и на годишно ниво, и во класа, со пазарен удел од близу 6 проценти во март.

Со продадени 16.940 возила до март, Џип Авенџер е единствен не-Фиат модел на италијанскиот пазар во првите три месеци од годинава во Топ 3, зад шампионската Фиат Панда со 38.066 возила и пред Фиат Гранде Панда со 13.327 возила.

Џип Авенџер владее со продажбата на СУВ-возила на пазарот во Италија и единствено мора да ѝ признае победа за освојување на врвот на Фиат Панда. Тоа е продолжение на залетот што трае уште од 2024 година. Џипот учествуваше со 5,95 проценти во вкупната продажба на возила на италијанскиот пазар во март.

Со оваа продажба, Џип Авенџер секако си обезбеди и наслов на најпродаван модел во Б-СУВ сегментот, со 10 проценти удел во март и преку 12% удел во продажбата во сегментот од јануари до март.

Уште еден успех на малечкиот Џип што е дизајниран во Италија е неговиот пробив меѓу 3-те најпродавани електрични модели во Б-СУВ сегментот, каде што му припаѓаат 12 проценти од кварталната продажба.

Според Џип, овој успех се должи на разновидноста од погони што им се достапни на купувачите:

  • 48-волтен благ хибриден погон со автоматски менувач со двојна спојка и системски 110 КС
  • класичен бензинец со мануелен менувач и 100 КС
  • хибриден модел со втор електромотор на задната оска и погон на сите тркала, со 145 КС и
  • електричен модел со 136 КС и досег од 400 километри

Вредното име на Џип им дава смисла и на специјалните серии од Авенџер, како Норт Фејс Едишн или Блек Едишн.

Секако дека Џип Авенџер го повторува успехот и на македонскиот пазар, како најпродаван модел и на марката и еден од најпродаваните Б-СУВ.

На вака подготвен терен, сега доаѓа и новиот Џип Компас, како модел од новата генерација на Ц-СУВ, што повеќе влече кон модел од средната класа. Компас неделава имаше и македонска премиера.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Новиот Џип Компас се произведува во фабриката во Мелфи, Италија, каде што во периодот од 1993 до 2010 година се проиведуваше Пунто во повеќе генерации, исто како Ланчиа Ипсилон, Џип Ренегејд и Фиат 500 Икс.

Претходна објаваДонгфенг испорача преку 3.000 возила во ЕУ во првиот квартал
Следна објаваСветска премиера · Opel го претставува прототипот Gen4 FormulaE

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here