Донгфенг го испорача првиот автомобил од премиум марката Воја

Тоа е своевиден доказ за довербата што кинескиот производител Донгфенг ја стекна меѓу македонските возачки и возачи. Непосредно пред Велигден, од салонот излезе првиот примерок од премиум марката Воја.

Првиот испорачан модел од кинески производител, Воја Кариџ; Фото: АБЦ Брадер, профил на фејсбук

Додека некои марки од кинески производители уште не успеале да изградат име и одвај се забележливи на домашната сцена, кај Донгфенг е сосем спротивна сликата. Фортинг Т5 Ево беше почетокот на наглата експанзија, по што следеа уште дузина нови модели. Во меѓувреме, АБЦ Брадер ја воведе и првата премиум марка од кинески производител на нашиот пазар, Воја. Испорачано е првото возило.

Воја е марка што излегува од воспоставената рамка околу вредностите во автомобилскиот свет во нашата локална средина. Тука сме навикнати дека премиум марка може да биде единствено германска, евентуално шведска, и како погон може да дојде предвид единствено дизел. Можеби некогаш и приклучен хибрид.

Но, премиум марка од производител од Кина, па уште и целосно електричен погон, тоа е веќе незамисливо. А, се случи и тој преседан. Како што беше најавено уште лани, Донгфенг во почетокот на годинава ја воведе во понуда премиум марката Воја. Првиот модел што светна во салон е Кариџ, кросовер од средна класа, долг преку 4,7 метри и висок 1,65 метар.

Во Донгфенг, по цена на Тесла Модел Уај се добива Воја Кариџ, плус уште Нами Бокс

Електричниот кросовер што без проблем ѝ парира на Тесла Модел Уај во перформансите, но ја става во темна сенка во поглед на луксузната опременост и не остава двоумење околу премиум изработката, чини 45.990 евра во ценовникот на АБЦ Брадер. Одвај со половина од повредните ставки во комфорната и функционалната опременост на Воја Кариџ, Тесла Модел Уај би чинела најмалку 15.000 евра повеќе, во изведбата со погон на сите тркала.

А, тоа значи, кај Донгфенг, по цена на соодветно опремена Тесла Модел Уај, се добива и споредливо возило во форма на Воја Кариџ, плус Донгфенг Нами Бокс, уште еден електричен автомобил, луксузен и компактен автомобил за секојдневен превоз низ град.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Воја Кариџ, меѓу повпечатливите технологии, поседува пневматска суспензија, напредни системи за асистенција, тенки ОЛЕД-задни светла, па и несекојдневно лизгање на средишниот дисплеј од 15,4 инчи долж арматурната табла, со помош на електромотор. Сé што се очекува во поглед на луксузната опременост, веќе е вградено.

Во поглед на перформансите, двата електромотори заедно испорачуваат 320 киловати, односно 435 КС, покрај системски вртежен момент од 620 њутнметри, што се претвора во спринт до темпо сто за 4,9 секунди и крајна брзина од преку 200 км/ч. Батеријата располага со 80 кВч и постигнува досег до 440 километри. На брз полнач, енергијата се обновува за околу половина час. Постојат и други изведби со уште посилни перформанси.

Покрај Кариџ, Воја ги има во понуда уште Фри, петметарски СУВ, и Дример, повеќенаменски луксузен ван, долг преку 5,3 метри. Уште полуксузни и уште поскапи.

Претходна објаваМерцедес отвора авто-бутици во најголемите градови во светот
Следна објаваЕлектричната С-Класа на Мерцедес минува близу 1.000 километри со едно полнење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here