Шкода со двојната стратегија бензин-струја ги претрка конкурентите

Шкода стана 4-ти по големина производител на електрични возила, задржувајќи ја високата маржа. Марката го постигна тој баланс, благодарение на постојаното вложување во мотори со внатрешно согорување, покрај вложувањето во батериски електирчни возила.

Елрок е главниот двигател на продажбата на БЕВ на Шкода во Европа, што со 94.165 регистрирани возила во 2025 година е втор најпродаван БЕВ по Тесла Модел Уај.
  • Шкода е 4-та најпродавана марка електрични возила во Европа и работи со оперативна добивка од 8,3 проценти.
  • Планот за шест електрични модели се скуси на четири и одложен е стартот на електричната Октавија.
  • Извршниот директор Клаус Целмер вели дека запоставувањето на електриката ќе повлече пенали во 2028 година.
  • Шкода престана да произведува во Кина и се насочи кон ширење на пазарот во Индија.

Чешката марка на концернот Фолксваген во 2025 година испорача 174.900 батериски електрични возила, што претставува 17 проценти од вкупната продажба на марката од 1,04 милион возила.

И покрај тоа што кај БЕВ се постигнува помала маржа отколку кај бензинците и дизелите, Шкода ја задржа оперативната добивка во 2025 година на 8,3 проценти, при рекорден промет од 30,1 милијарди евра. Оперативниот профит достигна 2,5 милијарди евра, што е блиску до 2,6-те милијарди евра на матичната марка на концернот Фолксваген, којашто продава речиси трипати повеќе возила од Шкода.

Извршниот директор Клаус Целмер кажа дека марката ќе продолжи да ја шири понудата од БЕВ, иако профитите кај целосно електричните автомобили се помали.

„Мржите ќе беа повисоки, доколку продававме само возила со МВС, но тоа не ни е целта,“ изјави Целмер при објавувањето на финансиските резултати на 10-ти март. „Доколку се запостават батериските електрични возила, данокот за тоа ќе го платите во 2027 или 2028 година, затоа што нема да ги исполните нормите за ЦО2 и ќе платите милијарди за казни.“

БЕВ и хибридите ќе ја смалат емисијата

Шкода во моментов не ги исполнува задоволува целите за намалување на емисијата на ЦО2 на Европската Унија, но се потпира на концернот Фолксваген за да надомести за тој заостаток. Марката сепак ќе ги исполни целите до завршетокот на 2027 година, порачува Целмер.

Марката ќе ги исполни целите за емисија на ЕУ лансирајќи нови целосно електрични модели и усовршувајќи ја понудата од модели со МВС за да ги направи поштедливи.

Годинава доаѓаат малечкиот СУВ-модел Епик, а по него и седумседот Пик, коишто понудата од БЕВ ќе ја прошират на четири модели.

Благ хибриден погон ќе биде воведен во најпродаваните моделски серии, вклучувајќи ги Фабија, Скала и Камик, почнувајќи од следната година, додека во Октавија ќе се вратат изведбите со приклучен хибрид.

Шкода исто така планира да го воведе новиот целосно хибриден погон на концернот Фолксваген во своите клучни модели.

„Најважниот аспект е флексибилноста да се одговори на побарувачката на пазарот,“ вели Целмер. „Пред три години, најавивме шест БЕВ. Тоа го забавивме.“

Шкода го скуси планот за БЕВ на четири модели и ќе го замени Карок со нов модел со МВС во 2027 година, реагирајќи на тој начин на побарувачката на БЕВ, што во некои делови од Европа напредува побавно од очекувањата.

Се одложува електричната Октавија, МВС ја задржуваат сратешката важност

Целосно електричната Октавија е одложена за почетокот на 2030-те, за таа да може да ја користи платформата ССП на концернот Фолксваген. Тековната Октавија продолжува со хибридни мотори.

Шкода го презеде од Фолксваген и развојот на платформата МКУБ Ево за мотори со внатрешно согорување, нагласувајќи ја на тој начин важноста на МВС за стратегијата на концернот.

Шкода го задржа профитот преку скусување на трошоците, како и преку зголемување на капацитетите во своите две фабрики во Чешка. Марката лани го надмина официјалниот капацитет во двете фабрики за 11 проценти. Тоа беше тежок математички предизвик за Целмер, но успеа. „Тоа е совршен рецепт за профитабилноста,“ кажа менаџерот.

Заминување од Кина, ширење во Индија

Финансиските достигнувања на Шкода профитираа и од смалувањето на обемот во Кина, некогаш најголем пазар со годишна продажба што надминуваше 300.000 возила во периодот меѓу 2016 и 2020 година. Кувачите во последно време се насочуваат сé повеќе кон домашните марки.

Шкода лани произведе одвај преку 12.000 возила во Кина и ќе се повлече од тој пазар до завршетокот на 2026 година.

Покрај тоа, марката не е зависна од набавки од Кина, затоа што само 3,3 проценти од трошоците за набавки потекнуваат од таа земја.

Шкода Кодиак · Тест · Најдоброто од класиката

Шкода се насочува кон Индија, каде што продажбата во 2025 година постигна раст од 125 проценти, на 73.815 возила. Тоа беше заслуга на воведувањето на малечкиот СУВ-модел со име Кајлак. Чешката марка планира да продолжи растот на тој на пазар, а меѓу другото и преку лансирање на БЕВ, што е приспособен за индискиот пазар, кон завршетокот на деценијава. Тој модел ќе користи изворна платформа од Кина и ќе се локализира во Индија, најави Целмер.

„Индија е јадрото за раст надвор од Европа,“ кажа Целмер. Земјата ќе биде и извозен центар за Шкода, со полуготови китови што во моментов се извезуваат во Виетнам, каде што се врши локална монтажа на возилата.

Претходна објаваКонцернот Фолксваген држи 53% од продажбата во компакт класата
Следна објаваДизелот што се троши останува по иста цена, поевтинува бензинот што се троши петпати помалку

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here